Шест месеци по смртоносната лавина, животот полека се враќа во Долна Јабланица
Поглед на дивиот каменолом и најтешко погодениот дел од Долна Јабланица. На само 500 метри над населбата, каменот го експлоатираше фирмата „Сани“, сопственост на Џенан Хонѓа. Надлежното обвинителство и речиси шест месеци по трагедијата не отвори официјална истрага.
Куќите кои први беа погодени од лавината се целосно уништени и нема видливи траги од нивното постоење.
Една од тешко оштетените куќи се уште чека поправка. Судејќи по фасадата и покривот, куќата била реновирана во периодот непосредно пред лавината.
Поглед на џамијата во Долна Јабланица од железничкиот надвозник. Џамијата по лавината била затрупана со кал и шут, а на нејзиниот покрив сè уште има портокалов компресор. Држејќи се за пловечкиот компресор, се спасил ефенди Семир Јахиќ, кој е слаб пливач. На ист начин неговата сопруга Амра успеала да се спаси себеси и нивните две деца.
На железничкиот надвозник со месеци е поставена порака од граѓаните на Долна Јабланица до надлежните. Срам за државата и Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина“, пишува на транспарентот.
Поглед на долниот дел на населбата, каде од под карпестите наноси се ископани куќи и згради. Низ населбата се поставени водоводни, канализациски и електрични инсталации со улично осветлување. Пристапните патишта и куќите се уште чекаат поправка.
Пред некои куќи има материјал за реконструкција, песок, дрва и бетонски блокови.
Водоводната инсталација во горниот дел од населбата, која претрпе најтешкиот удар, се уште не е целосно завршена, а од каналот штрчат цевки.
По грубата реконструкција на пристапните патишта, некои од куќите останаа четири до пет метри под нивото на патот.
Некои делови од населбата се сѐ уште тешко пристапни и до нив не може да се дојде со возила.
Поглед од железничкиот надвозник кон долниот дел на населбата.
На фасадите на некои куќи се видливи траги од кал, што покажува до каде биле затрупани куќите од свлечиштето. Приземјето и првиот кат од оваа куќа биле под земја и камен.