Судир меѓу ултрадесничарите и полицијата на српската страна на преминот Јариње
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Десетици поддржувачи на екстремната десница се собраа на српската страна од граничната порта Јариње со Косово на 18 декември. Тие се судрија со српската полиција во обид да стигнат до косовската страна на преминот каде што беше распоредена мисијата на НАТО КФОР. Собирот го организираше Народната патрола, српска ултранационалистичка про-Кремљ група.