Како може да се случи вакво нешто?
Тоа е прашањето кое постојано се поставува во Казахстан, откако мајка на 17-годишна ученичка откри како нејзината ќерка била држена во сексуално ропство шест месеци, додека нејзините соученици собирале пари, од како што тврди одбраната, исплати на буквално стотици возрасни „клиенти.”
Засега, одговорот е далеку од целосен.
Полицијата којашто го истражува ужасниот случај во југозападниот град Кизилорда, предупреди на како што тие наведоа „дезинформациите“ околу случајот, приговарајќи на правото на одбраната да ја прикаже „детската мафијашка група“ која наводно ја надгледувала трагичната експлоатација на ученичката.
Сепак, од 15 август, сите четворица малолетници кои се соочуваат со обвиненија да ја продавале својата врсничка за секс, беа уапсени само еден ден откако активисти и адвокати одржаа онлајн прес-конференција за шокантниот случај.
Не е прв пат казахстанските власти да бидат на задната страна, бидејќи скршениот систем за заштита на децата, од училиштата до органите за спроведување на законот, повторно е под лупа на јавноста.
Видете и ова: Феминизмот ќе го спаси Казахстан – слоган на женскиот марш во Алмати„Сè помлади и помлади девојки“ заробени во сексуалната работа
Најмалку еден од четворицата осомничени кои моментално се во затвор бил поранешен пријател на жртвата, според мајката на жртвата, која анонимно зборувала на онлајн настанот.
Двете девојчиња живееле во радиус од 500 метри од училиштето во Ќизилорда во кое учеле, а наводниот пријател бил редовен посетител на семејната куќа на жртвата.
На почетокот на оваа година, тогашната 16-годишна девојка почнала да поминува се повеќе време со својата пријателка, честопати престојувајќи во нејзината куќа.
Мајката рече дека не била задоволна од времето кое нејзината ќерка го поминувала надвор од нејзиниот дом, но одлучила да не ја спречи.
Таа рече дека имало гола фотографија од нејзината ќерка која групата од три девојчиња и едно момче ја поставиле како потпора над неа, подоцна преземајќи ја контролата над нејзиниот телефон и принудувајќи ја да се пријави на веб-страница за сексуална работа чие име се преведува како „ девојчиња“ во Казахстан.
Како што минувале месеците, нивната експлоатација на жртвата достигнала фаза кога групата од неа добивала до 6.000 долари месечно, пари што ги префрлале клиентите на нејзината сметка, а таа задржвала доволно само за патување, бидејќи едвај јадела.
Ако доцнела со плаќањето на групата, тие ќе ја тепале или би се препуштиле на психичка тортура, рече нејзината мајка.
Групата, исто така, наводно ја дрогирала за да ја максимизира нејзината економска вредност.
Видете и ова: Роднини на Казахстанци затворени во Ксинџијанг блокирани да се приближат до кинескиот конзул во АлматиДина Смаилова, шефица на фондацијата „NeMolchi.kz“, која зборуваше на прес-конференцијата, рече дека мажите кои ја искористиле жртвата заслужуваат да бидат гледани како „педофили“, и покрај фактот што таа била регистрирана како 18-годишна на веб-страницата.
„Таа всушност беше помлада и, бидејќи има многу слаба рамка, изгледа многу млада -- само околу 14 или 15 години“, рече Смаилова во интервју за РСЕ на 16 август.
Активистката, кој била во директен контакт со жртвата, ја опишува дека била како во состојба на „емоционална празнина“, иако сега имала пристап до професионален психолог и е под посебна државна заштита.
„Беше побарано да се поздрави со клиентот со насмевка за да се отстранат сомнежите. Откако клиентот си замина, таа беше претепана. Нормално, таа има и психичка и физичка траума“, рече Смаилова.
„Она што го гледаме сега е тренд кон заробување на помлади и помлади девојки за сексуалната работа“, додаде Смаилова.
„Тие имаат шифри на оваа веб-локација за да укажат дека девојката е помлада од 18 години. Во еден случај истражувавме во најголемиот град во Казахстан Алмати, тие ги бојадисувале косите на девојчињата во различни бои за клиентот да разбере дека се малолетни“, рече таа.
Видете и ова: Екс казахстански министер прогласен за виновен за смртта на сопругата„Страв од смрт“
Поради времетраењето на искушението на нејзината ќерка, социјалните мрежи и реакциите на медиумите за трагедијата се насочени и кон мајката на жртвата, прашувајќи ја како таа можела да живее во незнаење до степенот на она што и се случувало на нејзината ќерка до почетокот на овој месец.
Откако ученичката била сè повеќе принудувана на живот во сексуално ропство, таа почнала да отсуствува настава, додека од мај наваму ноќите ги поминувала далеку од семејниот дом под принуда на групата, кога момент кога целосно престанала да оди дома.
Смаилова вели дека критиките се разбирливи, но тврди дека системот на Казахстан „врши притисок врз родителите“ кои се обидуваат да ги истражат проблемите на нивните деца на училиште.
И таа точка беше нагласена од мајката на жртвата на прес-конференцијата, каде што рече дека се обратила во училиштето „повеќе пати“ почнувајќи од март за променливото однесување на нејзината ќерка и нејзиниот пад на резултатите во училиште.
„Бидејќи не добив помош од училиштето, туку само закани, се обратив до полицијата за малолетници и до локалниот инспектор. Но, истото се случи. Ми се заканија, велејќи дека ќе ни ја одземат и дека ќе ги изгубиме нашите родителски права. Беа целосно непрофесионални, ја караа и неа и нас, покажуваа со прст кон нас“, вели таа.
Нејзината ќерка -- која видела советник во училиштето кој периодов „викал на неа“ -- исто така ја повикал да не се жали.
Но, на 6 август, жртвата се вратила во нејзиниот семеен дом, како што објаснува нејзината мајка, поради „страв од смрт“ откако една од девојките во групата ѝ се заканила дека ќе ја убие ако не може да им обезбеди нова исплата на 250.000 тенге (околу 520 долари).
„Една од нејзините пријатели од Инстаграм ѝ помогна да се врати дома. Таа ни кажа сè. Беше валкана и со модринки насекаде. Сите траги беа видливи на нејзината кожа. Ќе поднесам обвинение против сите што ја допреле -- повеќе од 1.000 луѓе -- сите што ја носеле во хотели и сауни“, рече мајката.
Полицијата во Кизилорда на 14 август потврди дека е поднесен случај против родителите на осомничените, под обвинение за „неисполнување на должностите за одгледување малолетник“.
Во меѓувреме, млад роднина на жртвата, за казахстанската служба на РСЕ, под услов да остане анонимен, изјави дека семејството сега бара кривично гонење на еден од тие родители за посериозни обвиненија, верувајќи дека поединецот може да биде соучесник.
Видете и ова: Амнести Интернешнл: Пораст од 20 проценти на смртните казниСамите осомничени се соочуваат со обвиненија за „поттикнување малолетно лице да се занимава со проституција“.
На 16 август, администрацијата на провинцијата Кизилорда извести дека гувернерот на покраината наредил отпуштање на директорот и другиот персонал во училиштето на жртвата.
„По прес-конференцијата почнаа да работат многу активно“, рече Смаилова за одговорот на властите.
Но, пред тоа, мајката на жртвата рече дека била предупредена од полицијата да се воздржи од контактирање со Смаилова, чија работа открила повеќе случаи на полицајци вмешани во сексуално недолично однесување и корупција, и дека ќе се соочи со обвиненија за измама доколку некогаш се врати во Казахстан.
Сето ова создава несреќен впечаток дека приоритет на властите повеќе е да спречат информации за шокантни инциденти да излезат на површина, наместо да спречат да се случуваат шокантни инциденти.
И Смаилова тврди дека таквиот пристап поттикнува проблеми како сексуалното ропство во конзервативните провинции каде на жртвите често им недостасуваат мрежи за поддршка.
Минатата година се случи трагедија во друг јужен казахстански град, Туркистан, кога 17-годишна девојка скокна од шестиот кат од зграда по конфликт со потенцијалниот клиент поради нејзиното одбивање да дава сексуални услуги. Таа, исто така, била регистрирана на веб-страницата на казахстанските „Девојки“, рече Смаилова.
„Знаеме дека девојчето го преживеа падот, но сè уште не знаеме како заврши тој случај“, изјави таа за РСЕ.
Казахстанската служба на РСЕ се обиде да стапи во контакт со училиштето во Кизилорда и со полицијата во регионот, но не доби одговор до моментот на објавување.