Седми претседателски и 11 парламентарни избори во Северна Македонија

Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани. 

Шеф на државата со непосредно гласање се избира по седми пат, додека парламентарните избори се 11-ти по ред од 1990 година.

Денеска се гласа на над 3.400 избирачки места. 

Право на глас на овие парламентарни избори имаат 1.815.350 граѓани, додека во вториот круг од претседателските избори, пак, во Избирачкиот список се запишани 1.814.317.

Изборите ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи

Во трката за шеф на државата гласачите се одлучуваат меѓу актуелниот претседател Стево Пендаровски и досегашната пратеничка и негова ривалка пред пет години, Гордана Сиљановска-Давкова. 

Иако во пресрет на изборите немаше многу јавни анкети, очекувањата се дека во идниот собраниски состав ќе влезат пратеници од најмалку шест политички опции.

Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 410 набљудувачи, 14 експерти и 31 преведувач

Најмногу акредитирани се домашни набљудувачи - 1078. Изборите ќе ги следат и 770 странски набљудувачи за чии потреби се ангажирани и 85 преведувачи. За известување од изборите, според податоците на Државната изборна комисија, акредитирани се 66 странски новинари.

Повеќето од партиите и коалициите за овие избори имаат кандидатски листи во сите шест изборни единици.

За парламентарни избори, Северна Македонија е поделена на шест изборни единици и од секоја од нив во Собранието влегуваат по 20 пратеници

Во борбата да освојат пратенички мандат во 120-члениот парламент се 17 кандидатски листи поднесени од партии и коалиции.