Самоодбрана за жените: „Стравот е најголемиот непријател“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во Подгорица, Црна Гора, отворен е женски клуб за самоодбрана. Станува збор за редовен тренинг во фитнес-центар, но и начин учесничките да стекнат самодоверба и да се спротивстават на секаков вид на напад, во општество во кое сè уште толерира насилство врз жените. Бројот на членки, велат, расте.