САД испратија запленета иранска муниција во Украина

Володомир Зеленски, претседател на Украина

САД ѝ испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска.

Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм.

„САД се посветени да работат со нашите сојузници и партнери за да го потиснат протокот на иранска смртоносна помош во регионот со сите правни средства, вклучително и санкции и забрани од САД и ОН“, се вели во соопштението на Централната команда.

Видете и ова: Бајден - Поддршката на САД за Украина не смее да биде прекината


Американската морнарица со години запленувала оружје за кое се верува дека доаѓа од Иран за борците поддржани од Иран во Јемен, обично транспортирано со рибарски чамци. Муницијата која потекнува од иранската револуционерна гарда и била наменета за силите на Хутите во Јемен беше запленета од американската морнарица во декември 2022 година.

„Малку е веројатно дека муницијата ќе направи голема разлика на бојното поле во Украина во време кога оружјето со долг дострел и системите за противвоздушна одбрана се на врвот на украинската листа на желби“, наведува агенцијата Ројтерс.

Запленетата муниција ,исто така, веројатно нема да ја ублажи загриженоста околу можниот застој во снабдувањето на Киев со оружје од Западот.

Видете и ова: Русија и Украина меѓусебно се напаѓаат со дронови

Конгресот не вклучи дополнителни пари за Украина во привремениот закон за потрошувачка во САД, што го усвои во саботата за сојузната влада да остане отворена, нагласувајќи ја нагласувајќи ја зголемената неподготвеност на некои републиканци да обезбедат средства за Киев.

Минатата година, британската кралска морнарица соопшти дека еден од нејзините воени бродови запленила иранско оружје, вклучително и проектили земја-воздух и мотори за крстосувачки ракети, од шверцери во меѓународните води јужно од Иран.