Игралишта, аеродроми, автомобили: во Русија се гласа насекаде

Детско игралиште како избирачко место во градот Пушкин на 25 јуни. Изборните службеници користеа мегафон за да ги повикаат жителите да дојдат и да гласаат.

Дете покрај избирачкото место отворено во Санкт Петербург. Гласањето започна на 25 јуни и е предвидено да трае до 1 јули.

Маж гласа на избирачкото место  на Меѓународниот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург на 25 јуни. Властите отворија многу избирачки места за да се обегнат гужви поради пандемијата на коронавирус.

Гласач во Санкт Петербург со своето куче на гласачко место на отворено.

Гласање од задниот дел на автомобилот во пристанишниот град Владивосток во Русија. Последниот мандат на Владимир Путин како претседател треба да заврши во 2024 година. Но, ако се изгласаат уставните амандмани, ќе му биде дозволено да се кандидира уште двапати.​

Избирачки шатор во сибирскиот град Новосибирск на 25 јуни

Клупи за гласање на отворено во градот Линево на 25 јуни

Избирачко место за паркирање во областа Закамск во Перм

 Фармари гласаат на референдумот.

Гласачко место на отворено во селото Луговие.

Жена го дава нејзиниот глас на избирачкото место во московската железничка станица Казански.
 

Работниците во мобилните избирачки места носат заштитна опрема кога ги посетуваат домовите во селото Востриryково пред Москва. Гласањето предизвика загриженост кај здравствените службеници, бидејќи бројот на нови инфекции со коронавирус во Русија останува на над 7.000 на ден.
 

Гласачки автобус на 25 јуни во Казан, главниот град на руската Република Татарстан.

Гласање на отворено за уставните измени во Керч. Градот и остатокот од полуостровот Крим беа присилно анектирани од Русија во 2014 година.

Жена гласа во градот Керч. Ако Путин добие уште два мандата, тој би бил руски претседател до 2036 година, кога би имал 83 години.​

Од паркинзи и игралишта до железнички станици и аеродроми, руските власти отворија избирачки места на некои необични места за да ја зголемат излезноста на контроверзниот референдум што може да му овозможи на претседателот Владимир Путин да добие уште два мандата на таа функција.