Русија ја обвини Украина за напад со дронови врз Москва
Безбедносните служби истражуваат во погодениот објект, оштетен од, како што се тврди, напад со дронови.
Русија тврди дека неутрализирала два украински дрона над Москва, а еден се урнал блиску до Министерството за одбрана во центарот на градот. Нема извештаи за повредени.
Припадници на безбедносните служби на местото каде што паднал дронот.
Режимот во Киев се обиде да изврши терористички напад на територијата на Москва, но беше спречен, се вели во соопштението од руското министерство за одбрана.
Оштетена зграда во Москва.
До нападот доаѓа откако Киев најави дека ќе одговори на рускиот ракетен напад врз Одеса.
Луѓе поминуваат покрај оштетената зграда во Москва.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјави дека нападот со дронови се случил околу 4 часот изутрината по локално време.
Полиција ја обезбедува зоната околу оштетените објекти.
Оштетен покрив на објект во Москва.