Руси во егзил во Финска стануваат столари
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Некои од илјадниците Руси кои дојдоа во Финска откако започна војната против Украина во 2022 година, учат нова професија: столарија. Финска се соочува со недостиг на квалификувана работна сила и има за цел да го удвои бројот на работни имигранти до 2030 година. Но, нордиската земја, исто така, ги таргетираше прогонетите Руси и ја затвори својата граница како одговор на брановите луѓе кои се обидуваат да избегаат. Центарот за обука JEDU во Калајоки има запишано главно Руси. Тие побараа нивниот идентитет да биде сокриен додека разговараат за Тековно време на РСЕ.