Рома Рок Скул - Со акорди против предрасуди

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во скопскoто рок училиште „Рома Рок Скул“, деца од сите возрасти и со различен социјален статус се здружуваат за да се забавуваат, да учат и да ги надминат поделбите во мултикултурното општество во кое живеат. Надежните млади музичари учат преку бесплатни часови по теорија на музика, свирење и пеење и имаат проби во заедничкиот простор на школата основана во 2017 година.