Три дена по ред, 120 уметници, домашни и странски цртаа графити во Приштина.
Улицата, позната како Улица Б, во релативно новата населба, е меѓу реоните со најмногу бетон.
Меѓутоа, на дел од улицата, веќе 7 години по ред им се овозможува на уметници да ја искажат својата креативност, во рамките на фестивалот Meeting of Styles Kosovo.
Тема на годинешниот фестивал беше „Критична маса".
За Матиа Мартини, од Италија, ова е прво учество на фестивалот.
"Ми се допаѓаат луѓето, волонтерите, организаторите, а пречекот беше одличен, Приштина е убава. Навистина ми се допаѓа нивото на уметниците, мислам дека сите се талентирани и тоа е многу инспиративно, вели Матиа.
Неговите најнови трудови се инспирирани од јапонските анимирани филмови., кои се зановани на комбинација од реалноста и фантазијата.
"Нацртав кит, а делува како да е од дрво. Значи, тука има листови и гранки кои растат како дрво. Китот лета, како во фантазијата“, вели тој за РСЕ.
За швајцарската уметница Лина Гуло, фестивалот е добра можност за да се зборува за жените и за нивното место во општеството.
"Ова е портрет на жена. Мислам дека жената треба да има моќ во општеството. За мене е важно да правам портрети на жени, бидејќи треба да го заземат своето место на улиците, во општеството, во политиката“, вели таа.
На Лина ова и е прво учество на фестивалот.
"Трет пат сум тука, но претходно само на одмор. Ми се допаѓа тука, ми се допаѓа Балканот“, вели Лина.
Годинешниот фестивал траеше од 28-ми до 30-ти јули.
Генезата на ваквите настани датира од 90-тите години, кога во германија беше основана невладината организација Meeting of Stiles, за подршка на уметниците кои можат легално да цртаат графити на напуштени површини.
Џовани Лапорта, е по трет пат во Приштина.
"Имам 23 години, а графити цртам веќе 10 години. Трет пат сум на Косово, а организацијата е се подобра. Го сакам ова место, локалните жители се многу љубезни“, вели тој.
"Комбинирам многу елементи од ликовната уметност, 3Д ефекти и букви. Во суштина, јас сум опис на моите дела“, вели Џовани.
Меѓу домашните уметници беше и Алтин Ибрахими од Подуево.
Алтин има диплома од Факултетот за уметност во Приштина. Вели дека минатогодишното искуство од фестивалот како волонтер, го навело годинава да учествува и како учесник.
"И на факултетот цртав портрети. Тие изразуваат емоција, страв, радост, желба. Се трудам да се пренесам во нивниот внатрешен свет“, вели Алтин.
За разлика од Алтин, Так од Приштина учествува од почетокот.
"Секогаш се потпишувам со прекарот Так. И другите дела ми се со пораки. Суштината на фестивалот е да го претставиш својот стил, но со нов пристап“, вели Так.