Разорните поплави во Романија однесоа човечки животи

Пожарникар носи постара жена на грб во градот Кудалби, област Галати, 14 септември 2024 година.
 

Градот Печеа во округот Галати е меѓу местата најтешко погодени од поплавите поради обилните дождови во последните денови.
 

Пожарникар спасува куче. Поплавите во ноќта од 13 до 14 септември најмногу ги погодија областите Галати и Васлуи.
 

Пожарникарите и помагаат на една жена од градот Кудалби да излезе од подрачјето погодено од поплавите.
 

Куче во градот Кудалби било спасено со акција на пожарникарите.
 

Мобилизирани се и пожарникари од другите области за да помогнат во интервенциите и спасувачките операции.
 

Поплавите сериозно ја зафатија општината Печеа во округот Галати, каде што хеликоптер на Министерството за внатрешни работи лета над градовите за да ги идентификува можните жртви.

Пожарникарите спасија маж од неговиот дом откако поплавите ги погодија областите Галати и Васлуи.

Многу регионални патни правци се покриени со вода, соопшти Регионалната дирекција за патишта и мостови.
 

Пожарникарите интервенираат во градот погоден од поплави во областа Галати.

Пет лица загинаа, а стотици луѓе мораа да бидат евакуирани по обилните дождови што ја погодија источна Романија ноќта на 13 септември. Многу патишта беа затворени во двата округа, а надојдените води на некои локации достигнаа висина од три метри.