Протести во Вашингтон за време на обраќањето на Нетанјаху во Конгресот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Илјадници луѓе протестираа во Вашингтон додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се обрати на Конгресот на 24 јули. Посетата доаѓа во клучен момент во американската политика, кога претседателот Џо Бајден ја напушта трката, а потпретседателката Камала Харис ја засилува својата кампања. Додека демонстрантите го изразија својот гнев поради поддршката на САД за израелската војна во Газа, некои рекоа дека нивните гласови на претстојните претседателски избори ќе зависат од тоа како кандидатите ќе го решаваат проблемот.