Протести и контрапротести во Тбилиси за Законот за „странски агенти“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Илјадници Грузијци демонстрираа и ЗА и ПРОТИВ додека парламентот ги продолжи дискусиите за таканаречениот закон за „странски агенти“. Поддржувачите на владејачката партија Грузиски сон се собраа во центарот на Тбилиси на 29 април по масовниот протест на опозицијата претходната ноќ. Критичарите на законодавството велат дека тоа ќе го задуши граѓанското општество со ограничување на работењето на организациите со странско финансирање.