Протест за поголеми плати - „колку за функционерите, толку и за нас“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Вработени во судската и јавнообвинителската администрација, Фондот за здравство и Канцеларијата на народниот правобранител и други денеска (24 ноември) излегоа на протест пред Собранието, Министерството за правда и Владата. Тие бараат повисоки плати и враќање на додатоците за плата. Од пред Собранието тие ги повикаа пратениците од сите политички партии, пред кои веќе е предлог буџетот за следната година, да ги поддржат во нивните барања за покачување на платите.