Повторно оштетен кримскиот мост
Оштетувањето на кримскиот мост, 17-јули 2023.
Денешниот напад врз кримскиот мост го извел режимот во Киев, изјави портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова, но не понуди никакви докази.
Извор од безбедносните служби на Украина изјавил за Би Би Си дека нападот бил специјална операција на поморските сили на Украина.
Полиција го блокира пристапот на мостот.
Руското министерство за транспорт тврди дека не се оштетени носачите на мостот и оти оштетувањата се мали.
Кримскиот мост беше отворен во 2018-та година и овозможува патничи и железнички сообрачај од Русија до Крим.
Руски истражители на местото на оштетувањето на кримскиот мост. 17.07.2023
Оштетувањето на кримскиот мост. 17.07.2023.