Потрага по надеж: Искуства на бегалците и мигрантите

Според податоците на Обединетите Нации, околу 300 милиони луѓе во светот се мигранти.

Војна. Конфликт. Климатски промени. Економија. Прогонство. Политика.

Има безброј причини, но десетици милиони луѓе кои се во миграцискиот бран имаат едно нешто заедничко: тие неволно ги напуштија своите домови во потрага по безбедност или просперитет за себе и за своите семејства.

Според Обединетите нации, околу 300 милиони луѓе во светот се мигранти, еден од осум мигранти е дете. Тоа е околу 3,6 отсто од глобалното население кое ги напуштило своите домови во потрага по надеж.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мигрантите, 18 декември, редакциите на Радио Слободна Европа (РСЕ) се здружија за да се фокусираат на прашањата што најмногу ги засегаат бегалците и мигрантите во 23-те земји што ги покрива РСЕ.


Во текот на 2023 година, ова вклучуваше, меѓу другото, жителите на Украина кои бегаат од руската инвазија, етничките Ерменци кои избегаа од Нагорно-Карабах од азербејџанското преземање, потоа повеќе од шест милиони Авганистанци внатрешно раселени поради насилство и природни катастрофи; регионални последици од војната во Газа; како и одлуката на Пакистан до 1 ноември да депортира стотици илјади Авганистанци без документи.

„Кога зборуваме за 375.000 до 400.000 луѓе кои ќе се преселат [од Пакистан во Авганистан] во рок од два месеци, тоа е сосема неверојатно“, изјави за РСЕ Итаи Вирири, портпарол на Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ). „Главната грижа е каква поддршка има на терен за сите овие луѓе да се вратат.

Во извештаите по повод Меѓународниот ден на мигрантите, РСЕ патува:

- во Северна Македонија, каде што Пакистанецот Алираза најде мир

- во Мексико, да го документира напорното патување на киргистанско семејство кое се обидува да изгради нов живот во САД;

- во Индија, каде што разговаравме со авганистанските Сики кои се спасија од секташки напади, но секојдневно се соочуваат со економски и бирократски предизвици;

- во Грузија, каде раселените лица кои ја преживеаја војната 1992-1993 година. тие за прв пат ги гледаат домовите што ги оставиле пред 30 години во Абхазија;

- во Полска, каде што некои од 1.500 Авганистанци кои беа пренесени со хеликоптер по преземањето на Талибанците велат дека се чувствуваат разочарани во нивниот нов дом;

- во Словачка, да помине време со расположените украински деца кои настапуваат во бегалска театарска трупа;

„Неопходно е меѓународната заедница да обезбеди средства и поддршка за да се осигура дека оние на кои им е најпотребна ќе добијат помош“, рече Вирири од ИОМ за РСЕ. „Се разбира, долгорочно, секоја хуманитарна криза има потреба од трајни решенија.

Мигрантска приказна: Али најде мир во Скопје и љубов во Крива Паланка

На само 13 години, Пакистанецот Алираза Куреши станал мигрант. Заминал од дома без документи и без родители, со намера да стигне во Германија. По неколку неуспешни обиди, стигнал до Северна Maкедонија каде живее веќе 5 години. Овде нашол и работа и љубов. Работи како преведувач бидејќи зборува девет јазици. Има 25 години и дозвола за привремен престој во земјава по хуманитарни причини, која ја обновува година за година, но вели, решен е да остане со надеж дека ќе добие македонско државјанство.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Мигрантска приказна: Али најде мир во Скопје и љубов во Крива Паланка

Патот на мигрантите од Централна Азија до САД

Асан Багишов помина повеќе од еден месец патувајќи низ Централна Америка со сопругата и трите деца, остварувајќи го својот сон за нов живот. Багишов е од Киргистан и е еден од сè поголемиот број луѓе од Централна Азија кои одат по тешка и опасна рута до Соединетите држави.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Патот на мигрантите од Централна Азија до САД

Додека Украинците се добредојдени, Авганистанците во Полска се соочуваат со тешкотии

Околу 1500 Авганистанци беа пренесени во Полска откако талибанците го презедоа Кабул во август 2021 година, а многумина велат дека се соочуваат со економски тешкотии во земјата и повеќе не добиваат помош од државата. Тие велат дека Полска дава приоритет на поддршката за 1,6 милиони Украинци прифатени по целосната инвазија на Русија врз Украина во 2022 година.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Додека Украинците се добредојдени, Авганистанците во Полска се соочуваат со тешкотии

Раселени од грузиско-абхазиската војна се сеќаваат на животот изгубен пред 30 години

Се проценува дека бруталната грузиско-абхазиска војна од 1992 до 1993 година раселила околу 250.000 грузиски цивили. По 30 години, многумина сè уште сонуваат да се вратат во светот што го оставија зад себе. Current Time ги лоцираше и сними напуштените живеалишта на неколку раселени семејства. Бидејќи патувањето во регионот е строго ограничено, сликите на некои им нудат редок поглед на домовите што ги оставиле во Абхазија пред три децении.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Раселени од грузиско-абхазиската војна се сеќаваат на животот изгубен пред 30 години

Раселени поради војна, авганистанските Сики наоѓаат безбедност, но малку удобност во Индија

Конфликтите и секташки напади ги протераа речиси сите авганистански Сики и Хиндуси од земјата. Многумина побараа засолниште во Индија каде што најдоа сигурност, но се соочуваат со економски тешкотии и проблеми со добивање официјални документи. РСЕ се сретна со некои од Сиките и Хиндусите кои стигнале до Индија.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Раселени поради војна, авганистанските Сики наоѓаат безбедност, но малку удобност во Индија

Театар им помага на децата бегалци од Украина да се чувствуваат како дома во Словачка

РСЕ посети група украински деца, кои се бегалци од војната. Тие веќе го совладале словачкиот јазик и настапуваат во театарска претстава. Хуманитарна организација „Ние сме заедно“ им помага на украинските бегалци да се прилагодат на ѓивотот во Словачка, како и да испраќаат помош до своите блиски во Украина.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Театар им помага на децата бегалци од Украина да се чувствуваат како дома во Словачка