Поранешниот претседател на Казахстан призна дека бил полигамен
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Во новите мемоари, поранешниот казахстански претседател Нурсултан Назарбаев призна дека станал татко на два сина со Мис Казахстан 1999 година, надвор од неговиот официјален брак. Книгата „Мојот живот“ излезе во продажба на 1 декември и наиде на јавни критики во централноазиската држава. Гласините за Назарбаев дека има втора и трета сопруга се шират со години, а сега поранешниот лидер официјално соопшти детали за тајната врска со Асел Курманбаева.