Пензионираниот пилот кој гаси пожари: Ние сме „инфузија“, но потребни се нови пилоти

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пензионираните пилоти Стоје Арсовски и Васко Михалчев се вратија во ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување за да ги гасат пожарите кои беснеат низ македонските планини. Граѓаните ги нарекуваат херои додека тие даваат сѐ од себе за да помогнат. Арсовски забележува дека тоа го прават и другите, во условите кои ги имаат и со опремата со која располагаат. Па затоа, им се восхитува на оние кои од земја се борат со пламените јазици. По 15 години искуство со ер тракторот, тој се надева дека ќе има кој да го замени.