Пензионерите прв пат на протест во Скопје
Пензионерите на протестот носеа транспаренти со испишани барања: Линеарно покачување по 3500 денари за сите пензионери, бесплатни лекрства за хронични болести, израмнување на минималната пензија со висината на минималната плата, по 3 кубни метри огревно дрво или надомест за струја...
Неколку стотини пензионери од повеќе градови и села од Северна Македонија дојдоа денеска, 14 август, во Скопје на протест за повисоки пензии
Пензионерите се собра пред Министерството за труд и социјала и побараа итна средба за нивните барања
Пред да дојдат пред Министерството за труд и социјала, пензионерите протестираа пред седиштето на Сојузот на пензионери
Дел од пензионерите побараа и оставка од министерката за труд и социјала Јованка Тренчевска
Минималната пензија да не биде помала од минималната плата во државата, бараат пензионерите
Заборавивте на нас, ѝ порачаа пензионерите на Владата
Со 6% покачување тивко не убивате, пишуваше на транспарентите што ги носеа пензионерите на протестот