Дали Пенсилванија го има клучот за претседателските избори во САД?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
На само неколку недели до претседателските избори во САД, кандидатите се изедначени. Потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп трошат време и пари во државите кои би можеле да бидат решавачки, со посебен фокус на Пенсилванија. Тоа е најголемата од овие т.н. свинг држави, каде што разликата од само неколку илјади гласови може да биде доволна за да се наруши билансот. Во политички поделените градови како Скрентон, гласачите велат дека инфлацијата, имиграцијата и репродуктивните права се прашањата што ќе ги одведат на гласање во ноември.