Истражување: Руси поврзани со Кремљ вработени во највисокото европско безбедносно тело

Илустрација

ВИЕНА - Само два дена пред Русија да ја започне својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Руденко се обрати во Долниот дом на Парламентот за тоа што ќе бидат првите чекори на Кремљ за анексија на територија во источните украински региони Дољецк и Луганск.

Неговите воведни забелешки вклучуваат обвинувања дека Украина ги „саботира“ преговорите што ги води Трилатералната контактна група составена од Русија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), регионално безбедносно тело од 57 нации со седиште во Виена кое во моментов се наоѓа во криза поради руските вета пред клучниот состанок на Министерскиот совет на 30 ноември.

Руденко беше добро запознаен со ОБСЕ, чие раководство веднаш ја осуди руската инвазија што почна два дена подоцна, и не само затоа што претходно тој работеше како висок руски претставник во организацијата.

Во време на руската инвазија и трилатералните преговори, сопругата на Руденко работеше како висок политички и административен асистент во кабинетот на генералниот секретар на ОБСЕ. Ова ѝ овозможи пристап до средби, настани и информации од високо ниво, според еден дипломат на ЕУ.
Сопругата на Руденко, родена во Киргистан по име Салтанат Сакембаева, е една од неколкуте руски државјани чие вработување во ОБСЕ предизвика загриженост поради внатрешниот пристап на Кремљ до извршното тело на организацијата која ја одигра клучната улога во следењето на руската агресија во Украина и во обидот за посредување меѓу Москва и Киев, открива истражувањето на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Руски вета, Украина и парализираната ОБСЕ

ОБСЕ, која носи одлуки врз основа на консензус од сите нејзините 57 членки, се најде парализирана во работата поради руските вета. Поради руското противење, Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина беше прекината по инвазијата на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Мисијата работеше осум години откако Русија го зазеде украинскиот полуостров Крим и ги поддржа вооружените сепаратисти во конфликтот во источниот украински регион познат како Донбас во 2014 година.

Пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ на 30 ноември во Скопје, Северна Македонија, Русија исто така одби да го прифати единствениот формален кандидат за претседавање со организацијата во 2024 година, Естонија, држава со која Москва долго време има тензични односи.

Западните официјални лица и влади ја обвинија Русија дека дејствува како саботер на ОБСЕ и ја злоупотребува консензуалната политика на организацијата.

ОБСЕ, која носи одлуки врз основа на консензус од сите нејзините 57 членки, се најде парализирана во работата поради руските вета. Поради руското противење, Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина беше прекината по инвазијата на Москва врз Украина во февруари 2022 година. Мисијата работеше осум години откако Русија го зазеде украинскиот полуостров Крим и ги поддржа вооружените сепаратисти во конфликтот во источниот украински регион познат како Донбас во 2014 година.

Пред состанокот на Министерскиот совет на ОБСЕ на 30 ноември во Скопје, Северна Македонија, Русија исто така одби да го прифати единствениот формален кандидат за претседавање со организацијата во 2024 година, Естонија, држава со која Москва долго време има тензични односи.

Западните официјални лица и влади ја обвинија Русија дека дејствува како саботер на ОБСЕ и ја злоупотребува консензуалната политика на организацијата.

Меѓу овие лица е рускиот дипломат од кариера Антон Вушкарник, кој служеше четири години во руската амбасада во Вашингтон и одржа брифинг во Капитол Хил поддржувајќи ја поддршката на Москва за сирискиот диктатор Башар ал-Асад.

Електронската пошта до која дојде РСЕ покажува дека Вушкарник, кој во моментов работи како висок стратешки советник во Секретаријатот на ОБСЕ, на работен во Конгресот на САД му испратил видео на Јутјуб во кое украинските политичари се споредуваат со нацисти, како и пораки во кои се тврди дека „хомосексуалниот авторитаризам“ ѝ се „заканува на Америка“ и ја користел хомофобната навреда „f*gs“.

Во меѓувреме, жена која му служела како преведувач на рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, моментално е вработена во Канцеларијата за врски во Виена на Парламентарното собрание на ОБСЕ.

Поранешната преведувачка, Дарија Бојарскаја, конкретно ја добила таа задача од Кремљ со цел да го одвлече вниманието на американскиот лидер, според поранешна функционерка во Белата куќа.

ОБСЕ, најголемата меѓународна безбедносна институција во светот, беше основан за време на Студената војна како платформа за дијалог меѓу западните нации и земјите од источниот блок. Со седиште во Виена, Австрија, главниот град на една од ретките земјите кои не се членки на НАТО во Европа, ОБСЕ се состои од 57 земји-членки, вклучувајќи ги Русија, Соединетите Американски Држави (САД) и Канада, и речиси сите земји во Европа.

Нејзината наведена мисија од основањето во 1975 годиуна е „да работи за стабилност, мир и демократија за повеќе од милијарда луѓе, преку политички дијалог за заедничките вредности и преку практична работа што има за цел да направи трајна разлика“. Организацијата има и парламентарно тело од 323 членови – Парламентарно собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) – чија примарна задача е „да го олесни меѓупарламентарниот дијалог за да ги унапреди целите на ОБСЕ за сеопфатна безбеднот“.

Поставувањето на личности блиски до владата на Путин во највисоките ешалони на ОБСЕ доведе до јавни и приватни обвинувања за злоупотреба на влијанието на Кремљ и саботажа во она што се претпоставува дека е неутрално меѓународно тело.
Сакембаева, која се врати во Русија пет месеци по инвазијата на Украина во февруари 2022 година од страна на Москва, „имаше пристап до значителен број на ограничен материјал, кој преку нејзиниот брачен однос може лесно да го пренесе до нејзиниот сопруг (Руденко)“, изјави за РСЕ поранешна колешка во Секретаријатот на ОБСЕ.

Поради лична безбедност, поранешната колешка на Сакембаева, како и дипломати и други избори во моментов или претходно вработени во ОБСЕ или нејзините мисии, се согласија да разговараат со РСЕ под услов да останат анонимни.

Канцеларијата на генералниот секретар на ОБСЕ, предводена од Германката Хелга Шмид од 2020 година, за РСЕ изјави дека сите претставници на организацијата, „без разлика на нивната националност или тип на договор, се обврзани да ги застапуваат исклучиво интересите на ОБСЕ и се подлежат на Кодекс на однесување, кој е јавно достапен“.

„Иако не можеме да разговараме за поединечни случаи, ве уверуваме дека ОБСЕ крајно сериозно го сфаќа секое потенцијално прекршување на Кодексот на однесување и доследно ги применува соодветните внатрешни процедури кога станува збор за наводните прекршувања“, рече портпаролот на ОБСЕ Дејвид Даџ во изјава испратена по електронска пошта.

Сопругата на дипломатот

Во јуни 2022, четири месеци по целосната војна на Русија против Украина, Салтанат Сакембаева присуствуваше на забава во руската амбасада во Виена по повод рускиот празник во чест на нејзината декларација за суверенитет од Советскиот сојуз.

Фотографиите од настанот ја покажуваат заедно со постојниот претставник на Русија во ОБСЕ, Александар Лукашевич, поранешен портпарол на Министерството за надворешни работи, кој во организацијата ја бранеше руската агресивна војна и го обвини Вашингтон и неговите сојузници дека се обидуваат да ги „узорпираат“ функциите во Секретаријатот на ОБСЕ.

Салтанат Сакембаева заедно со Александар Лукашевич, постојан претставник на Русија во ОБСЕ, во руската амбасада во Виена во јуни 2022 година.

Во времето кога се одржа настанот, Сакембаева служеше како висок политички асистент во канцеларијата на генералниот секретар на ОБСЕ во Виена скоро 15 години, откако ја презеде работата во 2009 година, кога беше државјанка на Киргистан.

Поранешна колешка на Сакембаева во ОБСЕ ја опиша како „супер пријателска и дружељубива“.

„Сите сакаа да бидат пријатели со канцеларијата на генералниот секретар за да можат да добијат унапредување. Таа, пак, активно се дружеше со луѓе од сите ниво на сите позиции. Таа имаше совршена можност да се вметне во секакви прашања и ситуации и можност да собере секакви информации“, вели поранешната колешка.

Салтанат Сакембаева (лево) и рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко позираат заедно на фотографија без датум.

Идниот сопруг на Сакембаева, Руденко, пристигна во австриската престолнина во 2011 година за да ја преземе улогата на заменик-постојан претставник на Русија во ОБСЕ. Тој 14 години ѝ беше претпоставен и тој и Сакембаева се погодија веднаш; нејзината се уште активна страница на Фејсбук ги прикажува двајцата како вечераат надвор.

Во мај 2014 година, не долго по руксата инвазија и окупација на Крим, Сакембаева купи стан од 92 квадратни метри во зграда стара еден век, на мирна споредна улица во третиот кварт во Виена, по кратко пешачење до центарот на градот, покажуваат документите кои ги доби РСЕ. Во моментот на купувањето, таа ја дала својата дреса на австрискиот регистар на имот како адреса нa распространетата руска постојана мисија во Виена.

Сакембаева доби руско државјанство во август 2014 година, а таа и Руденко се венчаа еден месец подоцна во руската амбасада во Виена, покажуваат останатите записи до кои дојде РСЕ. Следниот јули, Сакембаева се откажа од киргистанското државјанство. Многу луѓе кои работеле со Сакембаева велат дека таа била тивка за нејзиниот брак и промената на националноста.

Пред прославувањето на Денот на победата во Русија на 9 мај во 2020 година, Сакембаева ја украси својата фогографија на Фејсбук со панделка од Свети Ѓорѓија, амблем на патриотизмот поддржан од Кремљ и со слоганот „75 години од победата“ во спомен на поразот на нацистичка Германија. Од руската агресија врз Украина во 2014 година, и двата симболи се длабоко политизирани за да се изрази лојалност кон руската држава и страствена поддршка на нејзината ивазија врз Украина.

Во мај 2020 година, додека беше вработена во ОБСЕ, Салтанат Сакембаева објави фотографија на Фејсбук со амблем од Свети Ѓорѓија.

Во 2016 година, Руденко се врати во Русија за да преземе серија високи позиции во Министерството за надворешни работи, оставајќи ја својата нова сопруга во нивниот стан во Виена. Неговата прва работа беше како директор на одделот одговорен за Белорусија, Молдавија и Украина – сите земји со значителен фокус на ОБСЕ во тоа време.

„Како претставник на персоналот на ОБСЕ, Салтанат беше многу јасен случај на конфликт на интереси. Таа имаше пристап до сите клучни позиции во Секретаријатот, вклучително и неколку генерации генерални секретари на ОБСЕ, претседавачи со ОБСЕ и раководството на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ“, вели европски дипломат со една од постојните мисии во ОБСЕ.

Каков пристап имаше Сакембаева во ОБСЕ?

Европскиот дипломат кој разговараше со РСЕ рече дека Сакембаева има пристап до информации за активностите на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина и Трилатералната контактна група, која беше формирана со цел да се олесни дипломатското решавање на вооружениот конфликт меѓу сепратистите поддржани од Русија и украинските сили во источна Украина. Групата беше составена од претставници од Украина и Русија, а како модератор беше ОБСЕ.

„Сакембаева беше присутна и на состаноци за други конфликти во кои е вклучена Русија во Молдавија, Грузија и Јужен Кавказ“, рече дипломатот.

Дипломатот додаде дека Сакембаева учествувала и на официјални делегации, состаноци на Министерскиот совет, како и на Деновите за безбедност на ОБСЕ, кои се „состаноци на високо ниво меѓу претставниците на ОБСЕ и највисоките функционери од министерствата за надворешни работи“.

„Целиот персонал на ОБСЕ мора да потпише клаузула за доверливост, но нема ништо што би можело технички да спречи некого да копира вредни информации од мрежата на ОБСЕ или од нивните компјутери“, вели поранешната колешка на Сакембаева.

Осумдесет проценти од работата во ОБСЕ вклучува разговори со други, вели поранешната колешка, додавајќи дека Сакембаева „може лесно да му ги пренесе информациите на нејзиниот сопруг во телефонски повик после работа“.

Европскиот дипломат кој разговараше со РСЕ рече дека Сакембаева има пристап до информации за активностите на Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина и Трилатералната контактна група, која беше формирана со цел да се олесни дипломатското решавање на вооружениот конфликт меѓу сепратистите поддржани од Русија и украинските сили во источна Украина. Групата беше составена од претставници од Украина и Русија, а како модератор беше ОБСЕ.

„Сакембаева беше присутна и на состаноци за други конфликти во кои е вклучена Русија во Молдавија, Грузија и Јужен Кавказ“, рече дипломатот.

Дипломатот додаде дека Сакембаева учествувала и на официјални делегации, состаноци на Министерскиот совет, како и на Деновите за безбедност на ОБСЕ, кои се „состаноци на високо ниво меѓу претставниците на ОБСЕ и највисоките функционери од министерствата за надворешни работи“.

„Целиот персонал на ОБСЕ мора да потпише клаузула за доверливост, но нема ништо што би можело технички да спречи некого да копира вредни информации од мрежата на ОБСЕ или од нивните компјутери“, вели поранешната колешка на Сакембаева.

Осумдесет проценти од работата во ОБСЕ вклучува разговори со други, вели поранешната колешка, додавајќи дека Сакембаева „може лесно да му ги пренесе информациите на нејзиниот сопруг во телефонски повик после работа“.

Дури и кога тензиите меѓу Украина и Русија ескалираа, Сакембаева остана на својата позиција во Секретаријатот на ОБСЕ, кој се чини дека нема проблем со нејзиното вработување.

„Работата на Салтанат беше да организира состаноци, да патува и да ги пишува комуникациите“, рече за РСЕ поранешната колешка на Сакембаева од ОБСЕ. „Тоа беше административна улога, но таа секогаш беше третирана како нешто повеќе... Бидејќи Русија постојано блокираше многу важни одлуки, ОБСЕ можеше да го смета како предлост имањето лице со директен пристап до висок функционер во руското Министерство за надворешни работи“.

Според прописите за персоналот на ОБСЕ, на службениците им е забрането „да користат, шират и/или објавуваат информации што им се познати поради нивната службена положба, освен во врска со извршување на нивните функции“.

Поранешната колешка рече дека Сакембаева веројатно го информирала работодавецот за нејзината промена на околностите бидејќи ако тоа не го сторила би било прекршување на регулативите на ОБСЕ, при што додаде: „Прашањето е зошто таа не беше преместена во друг, помалку чувствителен, оддел?“.

Салтанат Сакембаева и Андреј Руденко седат на иста маса за време на средбата меѓу Томас Гремингер и Сергеј Лавров, 24 април 2019 година. Извор: Руско МНР

Сакембаева продолжи да работи во највисоката канцелари на ОБСЕ до јули 2022 година, пет месеци по целосната инвазија на Русија врз Украина.

Андреј Солдатов, руски истражувачки новинар и експерт за безбедносни служби, за РСЕ изјави дека „апсолутно е јасно“ дека оперативците на Управата за контраразузнавање на Федералната служба за безбедност „би биле запознаени за извонредната кариера на Сакембаева и нема да ја пропуштат шансата да ја искористат“.

„Дури и да не беше регрутирана како вистински агент, таа сигурно ќе беше некој кој во одреден момент можеше да се ‘замоли’ да направи нешто – како што е пристап до чувствутелни информации – и таа немаше опција да каже не“, вели Солдатов.

Сакембаева и Руденко не одговорија на барањата за коментар, ниту, пак, одговорија руското Министерство за надворешни работи или постојаната мисија на Русија во ОБСЕ.

„Полковникот“

Веќе неколку години, поранешниот руски дипломат Антон Вушкарник служеше на високи експертски и советодавни улоги во канцеларијата на генералниот секретаријат на ОБСЕ. Но, во ходниците на обновената двовековна палата во историскиот центар на Виена, во која се наоѓа Секретаријатот, некои колеги на Вушкарник тивко го нарекуваат со прекар што алудира на руските разузнавачки служби: „Полковник“.

Антон Вушкарник

Според заедничкиот извештај на „Дер Шпигел“, германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ и австрискиот „Дер Стандард“ објавен во септември, повеќе разузнавачки служби и дипломати од низа земји веруваат дека Вушкарник – кој не беше идентификуван по име во заедничката сторија – работи за руското разузнавање иако РСЕ не најде јасни докази за тоа.

Еден извор на американската влада во Вашингтон, сепак, за РСЕ изјави дека Вушкарник бил од поголем интерес за американското разузнавање отколку просечен вработен во руската амбасада.

Во 2017 година, тогашниот генерален секретар на ОБСЕ, Тома Гремингер, одлучи да формира таканаречена единица за поддршка на стратешката политика (СПСУ) во рамки на неговата канцеларија. Швајцарскиот државјанин Гремингер сакаше СПСУ да биде место на кое ќе се соберат експерти од Русија и САД, како и од ЕУ и Швајцарија. Руското Министерство за надворешни работи го предложи Вушкарник (52) како претпочитан кандидат да ја претставува Русија, а Гремингер прифати.

Многу од земјите-членки на ОБСЕ не ги разбираа задачите и целите на СПСУ и се сметаше дека тоа е спротивно на духот на ОБСЕ како инклузивна организација, рекоа двајца актуелни европски дипломати распоредени во постојните мисии на ОБСЕ.

Салтанат Сакембаева и Андреј Руденко седат на иста маса за време на средбата меѓу Томас Гремингер и Сергеј Лавров, 24 април 2019 година. Извор: Руско МНР

За неговата улога како висок советник, Вушкарник беше испратен и платен од руското Министерство за надворешни работи. Критичарите не само што беа незадоволни што Русија, која дотогаш ја нападна Грузија, ја окупираше украинската територија и одбиваше да се повлече од отцепениот молдавски регион Трансдњестар, туку и од тоа што воопшто беше поканета. Тие, исто така, беа загрижени за недостатокот на транспарентност околу изборот на претставници на единицата.

Назначувањето на Вушкарник во СПСУ дојде по неговата повеќедецениска кариера во руското Министерство за надворешни работи. Имено, од 2011 до 2015 година, тој ја извршуваше функцијата директор за конгресни прашања во Руската амбасада во Вашингтон кога амбасадор беше Сергеј Кисљак.

Со улогата што ја имаше во амбасадата, Вушкарник на брифинг во Капитол Хил ја бранеше продажбата на руското оружје на сирискиот претседател Башар ал Асад. Тој, исто така, испратил електронско писмо до персоналот на американскиот конгрес со отворена хомофобична содржина, како и линкови до видео кое го поддржува руското заземање на Крим во 2014 година и до тврдења на Фјодор Достоевски кој вели дека „сите овие словенски племиња“ се „мразачи, завидливи луѓе, клеветници, па дури и отворени непријатели“ на Русија.

​„Едноставно треба добар F..k“: Електронската пошта на Вушкарник

РСЕ дојде до електронска пошта што Антон Вушкарник му ги испратил на Кајл Паркер, главен соработник на американската Хелсиншка комисија, владина агенција која ги следи човековите права, во 2012-14 година.

Во една од електронските пораки, тој вели дека членките на рускиот дисидентски уметнички колектив Пуси Рајот, кои во тоа време беа затворени поради организирање протест против Путин во главната руска православна катедрала во Москва, „едностварно не се среќни во својот сексуален живот“ и„едноставно им треба добар F..k“.

„За жал, немаме таква капитална казна во нашето кривично право“, додава Вушкарник.

Во други пораки тој напиша дека „размислувал за хомосексуалниот авторитаризам кој ѝ се заканувал на Америка“. Во друга, тој го минимизираше хомофобичното законодавство донесено од Путин велејќи дека другите земји „легално можат да убиваат f*gs уили да ги праќаат (во) затвор“.

Во една порака до Паркер од 2012 година, Вушкарник му предлага на угледниот независен руски весник „Новаја Газета“ „да размисли да се пресели во Варшава“, додавајќи дека „тоа би било подобро за нив и за сите други“.

По целосната инвазија на Украина од страна на Русија, „Новаја Газета“ ја прекина работата поради притисокот од медиумските регулатори. Нејзините новинари се преселија во Летонија и ја основаа „Новаја Газета Европа“, која Русија во јуни 2023 година ја стави на својата владина листа на таканаречени „непожелни организации“.

За советскиот диктарот Јосиф Сталин, Вушкарник му пишувал на Паркер: „Една работа во врска со Сталин е што со него руската држава беше на највисоко ниво. Убеден сум дека без овој човек никогаш не ги лансирале (советскиот космонаут Јури) Гагарин во вселената, иако тоа се случи малку подоцна. Да, тој некако ја заебал Русија, но руската душа е женствена по својата природа“.

Кога РСЕ го контактираше, Паркер одби да ги коментира мејловите.

РСЕ дојде до електронска пошта што Антон Вушкарник му ги испратил на Кајл Паркер, главен соработник на американската Хелсиншка комисија, владина агенција која ги следи човековите права, во 2012-14 година.

Во една од електронските пораки, тој вели дека членките на рускиот дисидентски уметнички колектив Пуси Рајот, кои во тоа време беа затворени поради организирање протест против Путин во главната руска православна катедрала во Москва, „едностварно не се среќни во својот сексуален живот“ и„едноставно им треба добар F..k“.

„За жал, немаме таква капитална казна во нашето кривично право“, додава Вушкарник.

Во други пораки тој напиша дека „размислувал за хомосексуалниот авторитаризам кој ѝ се заканувал на Америка“. Во друга, тој го минимизираше хомофобичното законодавство донесено од Путин велејќи дека другите земји „легално можат да убиваат f*gs уили да ги праќаат (во) затвор“.

Во една порака до Паркер од 2012 година, Вушкарник му предлага на угледниот независен руски весник „Новаја Газета“ „да размисли да се пресели во Варшава“, додавајќи дека „тоа би било подобро за нив и за сите други“.

По целосната инвазија на Украина од страна на Русија, „Новаја Газета“ ја прекина работата поради притисокот од медиумските регулатори. Нејзините новинари се преселија во Летонија и ја основаа „Новаја Газета Европа“, која Русија во јуни 2023 година ја стави на својата владина листа на таканаречени „непожелни организации“.

За советскиот диктарот Јосиф Сталин, Вушкарник му пишувал на Паркер: „Една работа во врска со Сталин е што со него руската држава беше на највисоко ниво. Убеден сум дека без овој човек никогаш не ги лансирале (советскиот космонаут Јури) Гагарин во вселената, иако тоа се случи малку подоцна. Да, тој некако ја заебал Русија, но руската душа е женствена по својата природа“.

Кога РСЕ го контактираше, Паркер одби да ги коментира мејловите.

До 2018 година, Вушкарник имаше функција за планирање на надворешната политика во руското Министерство за надворешни работи и се состана со претставници на белоруското Министерство за надворешни работи во Минск за белоруско-руските меѓуминистерски консултации за надворешна политика. Функцијата во ОБСЕ ја презеде потоа.

Откако многубројни состаноци во рамки на ОБСЕ беа префрлени на интернет поради пандемијата со ковид-19, Вушкарник редовно се обидуваше да се приклучи на дискусиите поврзани со вооружениот конфликт меѓу сепаратистите поддржани од Русија и Украина, вклучувајќи ги тука и состаноците со Специјалната мониторинг мисија во Украина и дискусиите за Трилатералната контактна група, изјави висок дипломат во една од постојните мисии во ОБСЕ во Виена.

„Тој беше забележан како редовно се вклучува на настани на Зум, на кои луѓето како него не требаше да учествуваат“, изјави дипломатот за РСЕ.

Вушкарник, беше вклучен и во уште еден од проектите на Гремингер, таканаречената Иницијатива за соработка за безбедноста (ЦСИ). Основана во средината на 2019 година, додека Гремингер се уште беше во ОБСЕ, веб-страницата ЦСИ ја опишува иницијативата како „група политички аналитичари со седиште во Виена кои се загрижени за потребата од покооперативен пристап кон безбедноста и неможноста на државите ефикасно да ги користат постоечките коперативни безбедносни организации, како ОБСЕ, да ги решаваат конфликтите и да работат заедно на прашања од заеднички интерес“.

Во августовското интервју за „Ноје Цирхер Цајтунг“, швајцарско издание, Гремингер посочи дека можното решение за војната на Русија во Украина би било Киев „привремено да ѝ ги отстапи окупираните територии на Русија“.
Портпаролот на Гремингер рече дека поранешниот секретар на ОБСЕ не е достапен да коментира.

Кога Шмид ја презеде функцијата генерален секретар на ОБСЕ во декември 2020 година, таа го укина СПСУ. Но, Вушкарник остана во нејзината канцеларија, се уште испратен и платен од руското Министерство за надворешни работи.

Антон Вушкарник работел во руската амбасада во главниот град на Естонија, Талин, од 2001 до 2005 година, според досиејата што се чуваат во естонското Министерство за надворешни работи, а станува збор за мандат кој го опфати периодот пред и на финализирањето на членството на Естонија во НАТО во 2004 година.

Русија жестоко се спротивстави на членството на Естонија во НАТО и на други држави во кои порано доминираше Советскиот Сојуз. Кремљ го зајакна својот персонал во својата амбасада во Талин во периодот во кој Вушкарник служеше таму.

Според годишните извештаи на Естонската служба за внатрешна безбедност (КАПО) од овој период, на разузнавачите кои работеа под дипломатски превез им биле дадени различни задачи, кои често вклучуваа поддршка за локалните етничко-руски малцински организации кои се про-Кремљ. Нивните задачи вклучуваат влијание врз изборите, соопшти КАПО.

Во годишниот извештај на КАПО од 2004 година пишува дека зголемената и системска активност на руското разузнавање во Естонија дојде во првата половина на 2003 и втората половина на 2004, што доведе до протерување на двајца офицери на руското надворешно разузнавање (СВР) кои работеа под дипломатски превез.

Во истиот извештај на КАПО се додава дека пристапувањето на Естонија во НАТО „само го зголеми и засили интересот на руското воено разузнавање кон Естонија“.

Поранешен висок естонски разузнавач за РСЕ изјави дека во текот на годините во кои Вушкарник служен во амбасадата во Талин, приближно четвртина од рускиот дипломатски персонал можеби бил поврзан со руското разузнавање.

Се поставуваат и други прашања за односот на Вушарник со руската мисија.

РСЕ доби фотографии на кои се гледа Вушкарник во два одвоени наврати како користи автомобил БМВ серија 5 со регистарска табличка што започнува со „WD-54“, алфанумеричкиот код за возилата што ги користат руските дипломатски претставништва во Австрија. Извор од ОБСЕ рече дека тој обично се паркига во близина на палатата Хофбург во Виена, дом на ОБСЕ и на околу 10 минути пешачење од Секретаријатот на ОБСЕ. На фотографиите до кои дојде РСЕ се гледа Вушкарник и возилото на таа локација.

РСЕ доби фотографии на кои се гледа како Вушкарник користи БМВ серија 5 со регистарска табличка што ја користат руските дипломатски претставништва во Австрија.

Иако е меѓународно распореден и неговата плата е покриена од руското Министерство за надворешни работи, Вушкарник не е акредитиран во руската дипломатска мисија во Австрија, туку е меѓународен член на персоналот на ОБСЕ. Како таков, од него се бара да ги почитува регулативите за персоналот на ОБСЕ и кодексот на однесување, иако неговата позиција како висок функционер во меѓународна организација му дава привилегии и имунитет.

​Вушкарник во Естонија

Антон Вушкарник работел во руската амбасада во главниот град на Естонија, Талин, од 2001 до 2005 година, според досиејата што се чуваат во естонското Министерство за надворешни работи, а станува збор за мандат кој го опфати периодот пред и на финализирањето на членството на Естонија во НАТО во 2004 година.

Русија жестоко се спротивстави на членството на Естонија во НАТО и на други држави во кои порано доминираше Советскиот Сојуз. Кремљ го зајакна својот персонал во својата амбасада во Талин во периодот во кој Вушкарник служеше таму.

Според годишните извештаи на Естонската служба за внатрешна безбедност (КАПО) од овој период, на разузнавачите кои работеа под дипломатски превез им биле дадени различни задачи, кои често вклучуваа поддршка за локалните етничко-руски малцински организации кои се про-Кремљ. Нивните задачи вклучуваат влијание врз изборите, соопшти КАПО.

Во годишниот извештај на КАПО од 2004 година пишува дека зголемената и системска активност на руското разузнавање во Естонија дојде во првата половина на 2003 и втората половина на 2004, што доведе до протерување на двајца офицери на руското надворешно разузнавање (СВР) кои работеа под дипломатски превез.

Во истиот извештај на КАПО се додава дека пристапувањето на Естонија во НАТО „само го зголеми и засили интересот на руското воено разузнавање кон Естонија“.

Поранешен висок естонски разузнавач за РСЕ изјави дека во текот на годините во кои Вушкарник служен во амбасадата во Талин, приближно четвртина од рускиот дипломатски персонал можеби бил поврзан со руското разузнавање.

Платите се регулирани, а транферите на пари не се вршат директно од владите до вработените. Персоналот на ОБСЕ мора да ги пријави сите контакти поврзани со работата на нивните национални влади, како и сите услуги и податоци од над 40 евра.

„Автомобилот е значаен имот за кој човек не мора да плати, а тоа е јасен конфликт на интереси“, изјави за РСЕ висок дипломат во една од постојните мисии на ОБСЕ.

Можеби тоа е дел од неговиот договор за распоредување, но повторно, ова покажува колку е блиску до руската мисија“, додаде дипломатот.

Во јули оваа година, австриското Министерство за европски и надворешни работи испрати официјално писмо до канцеларијата на Секретаријатот на ОБСЕ информирајќи го дека австриската полиција го фатила Вушкарник за повеќекратни сообраќајни прекршоци.

Вушкарник е фатен како вози повеќе од 130 километри на час во зона со дозволена брзина до 80 километри на час и во зона со дозволена брзина до 100 километри на час, се наведува во писмото во кое РСЕ имаше увид.

Вушкарник, исто така, одбил алкотест откако полицијата се посомневала дека возел во алкохолизирана состојба поради „изразениот мирис на алкохол“. Министерството наведува дека го „потсетува“ ОБСЕ дека „сите лица кои уживаат дипломатски привилегии и имунитет“ се обврзани да ги почитуваат законите на земјата и дека „во овој случај, тие се занимаваат со сериозни сообраќајни прекршоци што предизвикале екстремна опасност за безбедност на патиштата“.

Вушкарник, кој остана на позицијата 21 месец по целосната руска инвазија врз Украина, не одговори на барањата за коментар.

Преведувачката на Путин

Дарија Бојарскаја, родум од Калининград, првпат привлече меѓународно внимание во јуни 2019 година кога се појави како преведувачка на Путин на неговиот состанок со тогашниот американски претседател Доналд Трамп на Г-20 во Осака, Јапонија.

Советничката за национална безбедност на Трамп, Фиона Хил, подоцна јавно изјави дека Кремљ ѝ ја доделил оваа задача конкретно на Бојарскаја, чии објави на социјалните мрежи прикажуваат бројни фотографии на кои позира на гламурозни фотосесии, во обид да го одвлече вниманието на Трамп.

„Знаеме дека тоа беше случај затоа што имаше некој друг човек на списокот, кој требаше да преведува на таа конкретна седница. И во последен момент Русите го заменија со друг преведувач“, рече Хил во интервју за „Добро утро, Америка“ во октомври 2021 година, додавајќи дека Бојарскаја била „одличен преведувач“.

„Очигледно имаше намера да привлече внимание, бидејќи претседателот Путин направи големи напори за во основа ва ги запознае претседателот Трамп со преведувачката, што беше нешто што тој вообичаено не го правеше“, рече Хил, која е коавтор на биографијата на Путин.

Бојарскаја претходно беше вработена во руското Министерство за надворешни работи и често ги придружуваше Путин и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на патувања во странство, вклучувајќи ги и разговорите на Путин со поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, во 2018 година.

Путин исто така, ја ангажираше Бојарскаја за состанокот со претседателот Барак Обама во Кина 2016 година. Истовремено, таа од јуни 2010 година работеше постојано како преведувач од руски на англиски за годишните сесии на Парламентарното собрание на ОБСЕ на различни локации.

Рускиот претседател Владимир Путин се состана со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на Г-20 во Осака, Јапонија, на 28 јуни 2019 година. Дарија Бојарскаја е означена во позадина.

Малку подолго од една година по средбата Трамп-Путин во Јапонија, на веб-страницата на ПС на ОБСЕ накратко се појави оглас за вработување со регрутирање „советник кој ќе се приклучи на нејзината Kанцеларија за врски во Виена“ - „Првенствено да му помогне“ на генералниот секретар Роберто Монтела и на другиот висок персонал.

На огласот за работни места пишува дека успешниот апликант треба „течно да зборува руски јазик, да биде со долгогодишно искуство како преведувач, исто така и искуство во мулти и билатералната дипломатија“, и дека треба да има искуство во работа со засегнати страни од земјите членки на ОБСЕ од целиот свет, Советскиот сојуз, како и минимум пет години работно искуство во национален парламент или влада.

Огласот одговараше на профилот на Бојарскаја и таа потоа беше ангажирана за позицијата.

Делегатите на ПС на ОБСЕ, со кои разговараше РСЕ, сепак, се пожалија дека вработувањето и подоцнежното унапредување на Бојарскаја не било транспарентно и дека нејзиното искуство е сè освен предлост.

Од руското заземање на Крим во 2014 година, ПС на ОБСЕ недвосмислено ја осуди руската агресија во Украина, а вработувањето на Бојарскаја во руското Министерство за надворешни работи, а особено нејзината работа како личен преведувач на Путин, некои парламентарци во ОБСЕ во најдобар случајот го сметаат за безчувствителен, а во најлош случај за безбедносен ризик.

Бојарскаја ја презеде фунцијата во февруари 2021 година, речиси седум години откако Русија го окупираше Крим и поттикна војна во источна Украина.

Во писмото до летонскиот делегат на Парламентарното собрание, кој јавно го критикуваше нејзиното назначување, генералниот секретар Роберто Монтела ја бранеше Бојарскаја, пишувајќи дека „сме горди што успеавме да ја вработиме – особено пред руската воена агресија и инвазија врз Украина“.
Делегатите и дипломатите од неколку источноевропски земји беа огорчени што Монтела очигледно ги игнорираше претходните седум години со руски непријателски дејствија во Украина.

Во септември 2021 година, Бојарскаја беше унапредена во шеф на Канцеларијата за врски на ПС на ОБСЕ во Виена. Таа доби и одговорност на „заменик-специјален претставник“. Со ваквата нејзина позиција, од неа се бара „да одржува дипломатски, како и оперативни контакти, соработка и координација со постојните претставници на земјите-членки на ОБСЕ и сите тела на ОБСЕ за донесување одлуки“.

Стандардната процедура во ОБСЕ бара конкурсот да се објавува јавно за да се избегнат обвиненија за неправедни вработувања. Но, новата улога на Бојарскаја беше едноставно објавена во внатрешен билтен со наслов „Вести од Копенхаген“, каде се наоѓа седиштето на ПС на ОБСЕ.

Извор од канцеларијата на Монтела за РСЕ изјави дека позицијата на Бојарскаја како шеф на канцелариајта за врски и заменик-специјален претставник не била објавена.

Списокот со слободни работни места за меѓународниот секретаријат на ПС на ОБСЕ објавен на веб-страницата на организацијата се уште ја покажува сега затворената советничка позиција за која Бојарскаја беше ангажирана во 2020 година, но нема оглас за позицијата шеф на Канцеларијата за врски во Виена.

Одговарајќи на прашања во врска со вработувањето и унапредувањето на Бојарскаја, портпаролот на ПС на ОБСЕ, Нат Пари, во изјава испратена по електронска пошта во име на Монтела рече дека „овие прашања се веќе внатрешно разговарани и разјаснети со раководството на ПС на ОБСЕ во надлежните тела на Собранието“.

Делегатите од неколку источноевропски земји и понатаму се противат на нејзиното вработување.

Барбара Бартус, шеф на полската делегација во ПС на ОБСЕ, во изјава за РСЕ рече дека „верува оти можеби не е најкорисно за нашата организација да има лице кое толку тесно соработувало со режимот на Путин, одговорен за војната во Украина, и да има раководна позиција во структурите на ПС на ОБСЕ“.

На прес-конференција претходно оваа година, шефицата на литванската делегација во ОБСЕ, Вилија Алекнаите-Абрамикиене, ја нарече Бојарскаја „многу контроверзна личност од најблискиот круг на Путин“ и праша врз која основа Монтела избра „лице чии осноси со руските специјални служби се претпоставува“ дека ја водат Канцеларијата за врски на ПС на ОБСЕ во Виена.

Од таа позиција, Бојарскаја имаше пристап до сите оперативни контакти на ОБСЕ низ Источна Европа, Јужен Кавказ и Централна Азија, како и во Меѓународниот секретаријат. Таа, исто така, помага во подготовките за официјални посети на претставници на ПС на ОБСЕ, како и што помага за поддршка на мисии за набљудување на изборите.

„Нашиот генерален секретар сам одлучува за персоналот, без консултации со политичарите“, изјави Алекнаите-Абрамикиен во интервју за РСЕ.

Има и критика за работата на Бојарскаја како преведувач.

Дел од описот на нејзината работа вклучуваше и одржување на руската верзија на веб-страницата на Меѓународниот секретаријат како и уредување и прегледување на „преводите генерирани од Меѓународниот секретаријат или надворешно за да се обезбеди соодветен квалитет и рефлексија на содржината“. Делегатите кои зборуваат руски во ПС, сепак, забележаа дека нејзините превози на руски го избегнуваат спомнувањето на Русија во контекст на војната во Украина.

На пример, англиската и руската верзија на насловот на истиот напис на веб-страницата на ПС на ОБСЕ во средината на февруари не се усогласени. Руската верзија го изостави зборот „Русија“ и гласеше „војна против Украина“ наместо „војна на Русија против Украина, како што е во англиската верзија. Откако еден австриски медиум го праша Монтела за разликата, преводите беа променети за се совпаѓаат. Критичарите сметаат дека пропуст бил намерна отстапка за Русија.

Колаж од оригинални и сменети наслови на руската верзија на веб-страницата на ОБСЕ

Полска посебно, многу јасно ја изрази својата загриженост за Бојарскаја.

Непосредно пред состанокот на ПС на ОБСЕ во полскиот град Лоѓ во есента 2022 година, Бојарскаја и уште една руска вработена во ОБСЕ, Анжелика Иванишчева, беа прогласени за персона нон грата од полното Министерство за внатрешни работи кое рече дека нивното присуство на полска територија „претставува закана за државната безбедност“ и дека двете жени се „поддржувачки на режимот на Владимир Путин“.

На 16 февруари, Бојарскаја беше приведена на литванско-руската граница додека се обидуваше да ги посети роднините во Калининград. Преписката до која дојде РСЕ покажува дека Андреас Нотел, германски адвокат и консултант на ПС на ОБСЕ, имал задача да бара „во име на“ Монтела, Полска да ги укине санкциите за Бојарскаја. Во дополнително писмо до кое дојде РСЕ, испратено од Нотел до литванското Министерство за надворешни работи, се бара објаснување за нејзиното притворање.

Кога РСЕ го контактираше, Нотел одби да коментира со образложение за „професионална тајност“.

На состанокот на почетокот на оваа година, шефот на латвиската делегација, Рихардс Колс, ја спореди Бојарскаја со Ана Чепмен, руска агентка која беше откриена во апсењето на тајните руски шпиони од страна на ФБИ во 2010 година. Други делегати од балтичките земји го испрашуваа Монтела за финансиската состојба на ПС на ОБСЕ и побараа да се изврши ревизија.

По средбата, Монтела испрати писмо со опомена до Колс, коешто го објави онлајн.

„Овие дела би се сметале за клевета и предмет на кривично гонење во многу земји“, напиша Монтела.

Тој, исто така, го увери Колс дека Бојарскаја „се обврзала и е должна да ги следи правилата за персоналот, како и Кодексот на однесување, кој им забранува на вработените да прифаќа какви било инструкции или слично од нивните матични земји“.

Европскиот дипломат во една од постојните мисии на ОБСЕ за РСЕ изјави дека „Бојарскаја не е само кој било руски државјанин“.

„Како преведувачка на Путин, таа би била предмет на безбедносни процедури во Русија, кои се добро познати по нивните пристапи во стилот на КГБ.

Поставуваме прашања и не добиваме соодветни одговори“, вели дипломатот.
Три недели по објавувањето на заедничкиот извештај на „Дер Шпигел“, германскиот јавен радиодифузен сервис ЗДФ и австрискиот „Дер Стандард“ во септември, кој ја опиша Бојарскаја и нејзината работа за ОБСЕ, но не ја идентификуваше по име, описот на нејзината работа на веб-страницата на ПС на ОБСЕ тивко беше сменет во „висок советник“.

Таа повеќе не е наведена како шеф на канцеларијата во Виена, а нејзината претходна улога на заменик-специјален претставник сега ја пополнува главниот политички советник Франческо Пагани од Италија.

Бојарскаја не одговори на барањето за коментар.