Опасна игра: Што се случува во Босна?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Откако Вашингтон го нарече „свеж воздух на Балканот“, водачот на босанските Срби Милорад Додик претставуваше умерена алтернатива на тврдокорните националисти осудени за воени злосторства. Сега, западните влади го нарекуваат корумпиран и закана за регионалната стабилност. Додик со децении повикува на отцепување и уништување на федералните институции, додека неказнето упатува закани против клучните меѓународни фигури, новинари и политичката опозиција.