Поминаа повеќе од сто дена од вашиот мандат, ако треба да дадете генерална оценка за состојбата што ја затекнавте во образованието од 1 до 5, која оценка би ја дале?
Повеќе пати сум кажала дека состојбата беше навистина многу лоша и единица би било соодветна оценка, ако треба да се оценува. Затекнавме огромни, огромни долгови кои сè уште ги исплаќаме и сè уште не можеме да се справиме со тоа, иако поминаа, речиси четири месеци. Но, покрај тоа, затекнавме состојби нерешени и напластувани со години. Немање на учебници, неподготвеност за 1 септември, неисплатени стипендии, значи комплетно запоставен студентски стандард, комплетно запоставен ученички стандард, започнати проекти и застанати во одреден подолг период без причина, неисплатени награди, неисплатени обврски кон истражувачите кои објавувале во списанија со импакт-фактор…
Ги споменавте учебниците како еден од проблемите што ги затекнавте. Деновиве го објавивте новиот закон за учебници на ЕНЕР. Досега кај нас секој септември беше вест дали има учебници или нема. Дали новиот закон конечно ќе ги реши проблемите? Знаеме дека имаше проблеми со неодобрување на учебниците, преносот на авторски права итн.
Од информациите кои ги добив во моментот кога новата власт настапи со сопственото владеење, да, имате информации и вие дека имало сериозни проблеми, а тоа е немање автори, немање на рецензенти, неквалитетни книги, неодобрени книги или одобрени од Бирото за развој на образованието, неодобрени од рецензенти и обратни ситуации. Како и да е, што и да било, учебници немаше. Со новиот закон се обидуваме да го подобриме процесот за никогаш повеќе да не дојдеме до ситуација на 1 септември да немаме учебници. Покрај овој закон, ние носиме и други пет закони кои треба да се носат отприлика во исто време и јас искрено се надевам дека со новиот закон ќе постигнеме и подобар квалитет на учебници, но и навремено снабдување со учебници.
Видете и ова: Јаневска: Ќе има договор за платите на наставницитеЕден од тој пакет закони се и измените во Законот за основно образование. Во јавноста се јави одредена загриженост во однос на одредбите за антидискриминација. На пример, во членот 5 каде се наведува дека „во основното образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација по основ на пол, раса, националност …“, но од постоечкиот член се брише „родовиот идентитет“ и „сексуалната ориентација“. Зошто?
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација, но по реакциите кои ги имаше во македонската јавност, целокупната јавност, заклучивме дека треба да бидеме внимателни во однос на тоа како се изразуваме. Ние имаме континуитет и во Законот за средно образување се спомнува родовата еднаквост. Да не биде недоразбирање, на крајот на реченицата има „и друго“ што опфаќа секаков вид на дискриминација. Не знам зашто би требало да го оптоваруваме законот и да ги набројуваме сите видови дискриминации кои постојат, затоа што тоа е номо-техника. Зборот „и друго“ на крајот на реченицата ги опфаќа сите можни постоечки видови на дискриминација.
Зошто ја спомнав македонската јавност? Ја спомнав затоа што нашето население смета и тоа е составен дел на една традиција, на една духовна состојба итн., дека децата треба да учат тоа што треба на соодветна возраст. За да немаме револт, за да немаме недоразбирања, малку ги прилагодуваме нашите изрази и зборови за тоа што го нудиме да биде прифатливо за сите.
Кога сме кај измените во основното образование, вие најавивте дека ќе се ревидира постоечката концепција – тоа што е добро ќе се задржи, тоа што не е добро ќе се промени. Има ли веќе некаква јасна слика што би се задржало, а што ќе се менува?
Дефинитивно има јасна слика. Оно што го направивме, ја стопиравме концепцијата за 7, 8 и 9 одделение и тука се прават одредени промени во однос на наставните планови и програми и она што е најзначајно и ја интересира јавноста, се одделуваат сите посебни предмети, тие веќе не се интегрирани. Од концепцијата задржуваме, тоа што јавноста и ние како Влада сметаме дека е во ред, а тоа се дополнителни, додатни, дополнителни предметни, други наставни обврски, други ненаставни предмети, изборни предмети, огромен број, при кој учениците ќе може да стекнуваат знаења и вештини и одредени компетенции. Деновиве веќе т.н. нова концепција која содржи и стари делови, за да имаме континуитет, веќе е спремна и ќе стапи на сила.
Ќе почне да се применува од следната учебна година?
Дефинитивно, од следната учебна година ќе се применува. Тоа во врска со концепцијата. Во врска со квалитетот на учебниците, во овој момент сме фокусирани на 7, 8 и 9 одделение, а понатаму, како ќе имаме можности и со која брзина ќе може да работи Бирото, ќе ги менуваме учебниците, од кои наставниците, учениците и родителите не се задоволни.
Видете и ова: Со какви предизвици почнува новата учебна година?На стартот на оваа учебна година се пофаливте како Министерство дека се обезбедени сите учебници и материјали за учениците, но сепак дел од учениците ја почна учебната година со искинати учебници. Зошто не беа заменети?
Мислам дека тука е во прашање една сериозна забуна. Министерството во ниеден момент не може да знае кои и какви учебници недостасуваат ако училиштата не дадат информација или не побараат. На крајот на секој учебна година се отвора електронски систем во кој училиштата треба да кажат колку учебници им недостасуваат од претходната година, што значи тие треба да ги пријават сите оштетени учебници. Колку учебници пријавиле, толку учебници се печатени и откупени. Има дополнителен проблем, кој го соопшти една општина, која вели дека сакајќи да ги заштити граѓаните да не плаќаат одредена сума на средства оти за оштетен учебник Законот предвидува да се плати од 10% до 70% оштета за учебникот, тие не ги пријавувале. Министерството не може да знае колку учебници им требаат ако не ги пријават.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Ќе ве навратам пак на промените на реформите. Македонските ученици до 15 години, тоа е податок кој и вие јавно сте го коментирале, имаат 900 часови помалку во споредба со врсниците од ЕУ и заостануваат три години во нивото на знаење. Од друга страна, родителите постојано се жалат дека дома постојано работат премногу со децата и ги ангажираат за дополнителни часови. Дали сметате дека во моментов времето поминато во училиште не се користи ефективно?
Можно е и поминатото време во училиште да не се користи ефективно, но оваа Влада има проект во кој велиме дека времето во училиште кој учениците го поминуваат треба да биде подолго. И тоа не е наша иновација, ние сме консултирале литература и релевантни стручњаци кои го кажуваат тоа – дека нашите ученици се многу малку на училиште и дека подолгиот престој на училиште ќе овозможи стекнување на подобри и повеќе знаења. Тоа не значи дека учениците ќе бидат нонстоп над книга или дека наставниците екс-катедра ќе предаваат, туку на модерни начини кои ги користи модерниот свет, тие ќе стекнуваат разни и вештини и компетенции, па и знаења, преку овие предмети кои претходно ги спомнав, а тоа се наставни во наставни и воннаставни активности, изборни предмети, но и дополнителни часови.
Родителите знаат да кажат дека нашите деца многу учат, но фактите покажуваат дека нашите деца малку знаат оти сите надворешни и внатрешни тестирања покажуваат дека, за жал, нивото на знаење на нашите деца е многу ниско. Да, треба дообуки на наставниците. Наставниците треба да се обучат на модерни техники, методологии со коишто треба да го пренесуваат своето знаење и сето ова е во план да се спроведува во иднина. Потенцирам, многу пати е веќе кажано, дека во образованието за се треба време.
Видете и ова: МОН потроши 3 милиони евра за дополнителни учебници, а родители се жалат на парталавиСпоменавте дека учениците треба подолго време да поминуваат во училиште, но ете ова учебна година, услови за едно сменска настава имаше само во 124 училишта. Ако знаеме дека во државата има најмалку 900 основни училишта, кога ќе се постигне таа промена?
Тоа е дополнителен проблем на многубројните училишта за кои реално и нема потреба и затоа јас го спомнувам процесот на оптимизација што значи намалување на бројот на училишта во коишто учат многу мал број ученици, да речеме 5, 15, па и 20, или 7, 12 ученици. Тие училишта треба да се затворат, односно да се пренаменат. Учениците треба да одат во своите централни училишта, секако општината ќе го плати превозот и во една таква оптимална ситуација, кога ќе имаме соодветен број на училишта, пристапуваме на процесот едносменска настава.
Во внатрешноста, надвор од Скопје, постојат огромни услови за едносменска настава. Проблемот е во Скопје, особено во општините каде што има, за среќа, прираст, оти не можеме да се пофалиме со прираст насекаде. Ние правиме сериозни анализи и планови и тоа го правиме и со помош на Светска банка и УНИЦЕФ за да почнеме да овозможуваме едносменска настава. Веќе одреден број на училишта и последното, мислам, што го потпишав е „Панче Арсовски“, средно училиште во Карпош кое пристапи на едносменска настава, веќе одреден број училишта кои можат да си дозволат, се охрабруваат и го прават тоа. За другите каде што нема услови, ние предвидуваме доградба на училници – 2, 3, 5, во зависност од тоа колку има потреба, а некаде да, ќе треба да се изградат и нови училишта.
Премиерот, пред неколку дена изјави дека завршиле инспекциските надзори во дел од универзитетите. Може ли да кажете што е утврдено? Какви пропусти?
Во универзитетите и високообразовните установи, да постојат одредени проблеми и недостатоци кои ги утврдуваме со тоа што процесот, за жал, сè уште не е комплетиран туку ние постепено утврдуваме една по друга нерегуларност.
Да, имаме нелегален избор на двајца наставници на Тетовскиот универзитет и таму инспекцискиот надзор сè уште трае. Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки.
Видете и ова: Универзитетите губат студенти, расте бројот на професориТоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи. За некои пропусти се вели дека треба да се отстранат во одреден рок, потоа Државниот просветен инспекторат оди да провери дали се отстранети или не се. Повторно ја прави проверката, ако се отстранети следи нов извештај. Ако не се отстранети следат некакви пенали и во моментов за два случаи имаме т.н. порамнување кога универзитетот треба да плати казна. Порамнувањето го прави МОН за казната да биде помала. Значи во моментот се случуваат такви два процеси. Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два.
Ќе се затворат ли универзитети?
Во овој момент не можам да тврдам дека ќе се затворат, но инспекцискиот надзор ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен.