Николоски - Ако се оди на одвоени избори, претседателските може да не успеат

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Власта не понуди контра аргумент зошто е подобро, пред се од економски и практичен аспект, да има два изборни циклуси, а не да има еден споен изборен циклус, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Тој вели дека ако претседателските и парламентарните избори се одржат одвоено, државта ќе биде „замрзната“ седум месеци, а според него постои ризик претседателските избори да не успеат и да треба да се повторат.