Хрватска, Словенија, БиХ, Србија: Сумирање на штетите од невремето

Луѓето ги проверуваат штетите по силното невреме во Загреб на 19 јули 2023 година.
 

Меѓу настраданите во Хрватска е и еден пожарникар.

Аеродромот во Бања Лука, во Босна и Херцеговина, е затворен поради невреме. Едно лице загина во округот Брчко.
 

Милан Новитовиќ, директор на Управата за цивилна заштита на Република Српска (РС), за Радио Слободна Европа (РСЕ) изјави дека од невремето најмногу се погодени Бјелина и Шамац, како и околината на Бањалука, Лакташи, Градишка и Костајница и Дубица.

На сликата е затворениот аеродром во Бања Лука.

Поради штетата на аеродромот во Бањалука, сите летови се прекинати, изјави за РСЕ портпаролката на аеродромот Санела Касаловиќ.

Сликата ја прикажува внатрешноста на аеродромот, 20 јули 2023 година.

Од Хидрометеоролошкиот завод на РС соопштија дека во четврток и во вечерните часови се очекува повторување на невремето и апелираат до граѓаните соодветно да се заштитат себе си и својот имот.

На сликата е Добој по невремето на 19 јули 2023 година

Штети од невремето во болницата „Свети Врачеви“, Бјелина, 20 јули 2023 година.

Во невремето во Бјелина повредени се 23 лица, од кои двајца поради тежината на повредите се задржани на лекување во Бијелинската болница „Свети врачеви“, соопшти оваа медицинска установа. Оштетен е и покривот на две згради во болничкиот комплекс.

Штети по невремето во Шамац, БиХ, 20 јули 2023 година.

На 19 јули силно невреме зафати голем дел од Србија, поради што 20 лица беа евакуирани, а пет тешко повредени беа сместени на Воената медицинска академија (ВМА).

Сликата ги прикажува последиците од невремето во Ваљево, Србија, на 20 јули 2023 година.

Лекарот Иван Марјановиќ, главен дежурен хирург во ВМА, на 20 јули изјави за Српската радио-телевизија (РТС) дека повеќе од 40 лица дошле во установата со повреди.
Според него, во ВМА биле носени пациенти од цела Србија.

Сликата ги прикажува последиците од невремето во Ваљево, Србија, на 20 јули 2023 година.

Аеродромите во Белград и Ниш беа затворени. Во Белград за кратко време продолжи со работа, а во Ниш во четвртокот наутро, бидејќи невремето го симна покривот од една од помошните простории во контролата на летот.

Сликата покажува молња во Белград, 19 јули 2023 година.

Според министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, невремето не предизвикало поголеми последици по инфраструктурата.

На сликата е Нови Сад, Србија, 19 јули 2023 година.

Во Нови Сад невремето предизвика штета на повеќе од 300 локации во градот, а две лица се повредени, пишува Бета.

На сликата е Нови Сад, Србија, 19 јули 2023 година.

Исто така, се наведува дека поради паднатите дрвја кај капалиштето Штранд, плажата ќе биде затворена за посетители се додека не се санираат последиците и не се овозможи безбедно понатамошно функционирање.

Нови Сад, 19 јули 2023 година.

 

Припадниците на Одделението за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија соопштија дека имале 201 интервенција во кои биле ангажирани 505 пожарникари-спасувачи со 203 возила и во таа прилика евакуирале и спасиле 40 лица.

На сликата, Белград, 19 јули 2023 година.