Во земјава има млади луѓе, кои се обидуваат да направат нешто, за себе и за општеството. Еден таков човек најдовме на социјалните мрежи.
И додека многумина со велосипед не возат ни по низини, ни по планини, Никола со екипата се качува на вулкани и тоа ни повеќе ни помалку на највисокиот вулкан во светот. Имено, Никола Нешкоски беше дел од Прва македонска велосипедска експедиција на највисокиот вулкан на светот Охос Дел Саладо (6893 мнв), јануари 2024 година.
Ова е пост на неговиот Фејсбук профил, нешто што ретко се наоѓа на меинстрим медиумите што го пронајдов на профилот на Никола Нешкоски. Тој претходно го искачи и Невадо Сан Франциско (6016 мнв) ,исто така, со велосипед.
Никола, себе си се дефинира како велосипедист, еколог или едукатор и пред се планинар. Тој е во Здружението „Вело Училишта, и прави напори учениците одат со велосипед на училиште? На прашањето дали младиве се повеќе по спортот, велосипедизмот или по ќеиф им е да седат дома на компјутер или на мобилен, вели дека многу родители претпочитаат децата да ги носат на училиште со автомобил, што со оглед на сообраќајната култура, донекаде е разбирливо. Но вели дека преку активностите кои ги спроведуваат ја јакнат свесноста за користа од возењето велосипед. Скопје, според Никола има најголем напредок на тој план иако има уште многу да се направи.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Со Никола Нешкоски разговараме и за еко училницата која ја спроведуваат во основните училишта, како и за соработка со општините кои им дозволуваат работа со учениците но она што отсуствува е поддршка на финансиски план.
Почитувани слушајте не, следете го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.