Дејан Радуловски има 23 години, паралелно студира два факултета. Дипломира со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Запиша магистерски студии. Студира и политички студии на Правен Факултет и работи во кафуле во Скопје. Со Дејан зборуваме за младите, нивните проблеми и перцепции за иднината?
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Дејан, некој да студира и работи во исто време не е нешто не вообичаено, но два факултета ,сепак, предизвикува внимание. Прво зошто историја и зошто покрај историја, студираш и право?
Дејан од неодамна бара работа по струката, како историчар, но засега без успех.
„Не е прашањето дали требаат вакви кадри, туку таква е состојбата во државата“
Вели сака да остане тука, дома, но веќе не е сигурен.
20 - тина години се случува своевиден егзодус на младите, претежно кон запад и тој вели не бегаат толку поради финансиите туку поради корупцијата, криминалот и непотизмот.
„За се треба врски, и на доктор да одиш и соба во студентски дом да најдеш. И елитата, и богатите си одат, не само младите и оние кои немаат пари“
Според Дејан Радуловски, младите не ја пишуваат својата иднина во Македонија?
Гласот на младите, вели, не се слуша од партиите и политичарите, освен ако не си член на некоја партија. И за младинските организации смета дека се непотистички настроени.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.