Најмалку 5 лица загинаа во руски напад врз украинскиот Дњепар

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Најмалку пет лица загинаа, а 18 се ранети по руски напад со беспилотно летало и ракетен напад врз украинскиот град Дњепар, изјави на 3 јули гувернерот на регионот Днепропетровск Серхиј Лисак. Ова е трет пат Дњепар да биде цел на напад во последниве пет дена. Висококатница беше уништена во напад на 28 јуни, додека најмалку 12 лица беа ранети во напад со беспилотно летало на 1 јули.