Етнички Ерменци го напуштаат Нагорно Карабах, во Ереван протести
Етнички Ерменци го напуштаат градот Степанакерт во Нагорно Карабах. 24.09.2023.
Ковчези во Степанакерт за погребот на ерменски војници и цивили кои загинаа по нападот на азербејџанските сили врз регионот. Се проценува дека загинале околу 200 луѓе.
Бегалци од Нагорно Карабах пристигнуваат во ерменскиот град Горис. 24.09.2023.
Нагорно Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е населен со етнички Ерменци со векови. Двете држави водеа неколку војни за овој регион.
Бегалци од Нагорно Карабах пристигнуваат во село Горнизор, близу Горис.
Припадници на Црвениот крст им помагаат на бегалците од нагорно Карабах.
Бегалци од Нагорно карабах во автобуси.
Азербејџански војници и еден неидентификува ирански војник стојат до оружје за кое тврдат дека е запленето од ерменски борци.
Униформи на етнички ерменски војници поставени под натписот „Карабах е Азербејџан“, во местото Суса.
Илјадници луѓе демонстрираа во Ереван, главниот град на Ерменија на 24.09.2023. Многумина Ерменци сметаат дека премиерот Никол Пашинијан е виновен за ескалацијата на кризата во Нагорно Карабах.
Знаме на сепаратистите од Нагорно Карабах пред владината зграда во Ереван.