Најмалку шестмина убиени во трговски центар во Минхен
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Најмалку шестмина луѓе се убиени во пукотници во трговски центар во Минхен, Германија. Властите нападот го опишаа како терористички. Полицијата трага по тројца осомничени за нападот во трговскиот центар Олимпија, по што полицијата спроведе голема акција. Минхенската полицијата соопшти преку Твитер дека шест луѓе се убиени, а неколку се повредени во нападот.