„Мостот на пријателството“ го нагласува јазот меѓу Естонија, членка на НАТО и Русија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

На „мостот на пријателство“, некогаш фреквентен премин меѓу Русија и Естонија, возилата веќе не смеат да поминуваат. Од целосната инвазија на Украина, Естонија мораше да ја зајакне својата безбедност долж границата. Повеќето етнички Руси во Нарва гледаат руски телевизии, а Москва ги засили сајбер нападите врз соседот од НАТО.