Во вториот круг од претседателските избори на 3 ноември, молдавските гласачи ќе избираат помеѓу актуелната про-ЕУ претседателка Маја Санду, која победи во првиот круг со 42 отсто од гласовите, и поранешниот генерален обвинител Александр Стојаногло од проруската Социјалистичка партија на Молдавија (ПСРМ) кој обезбеди 26 отсто поддршка.
Додека функцијата претседател е технички церемонијална во Молдавија, сепак носителите на оваа функција често имаат значително политичко влијание. Молдавскиот сервис на РСЕ ги претставува кандидатите, нивните кампањи и контроверзите кои ги следеа во нивните кариери.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Маја Санду: Цврсто во кампот на ЕУ
Дипломирана на Харвард и поранешна вработена во Светска банка, Маја Санду стана првата жена претседател на Молдавија со убедлива победа во 2020 година. Откако победи со силна про-ЕУ реторика и ветувања дека ќе се бори против корупцијата и ќе го реформира судството, во работата во нејзиниот прв мандат Санду се соочи со економија опустошена од пандемијата на коронавирус и зголемените геополитички тензии со Русија.
52-годишната Санду за првпат стана позната во 2012 година како министерка за образование на земјата. По неуспешната претседателска кандидатура во 2016 година, таа три години подоцна кратко беше и премиерка откако нејзината партија се здружи со ПСРМ.
Како претседателка, Санду беше клучна во обезбедувањето на кандидатурата на Молдавија за приклучување кон Европската унија во јуни 2022 година, чекор кој итен и со оглед на целосната инвазија на Русија врз Украина започната неколку месеци претходно.
Додека некои ја фалеа за нејзиниот интегритет, други ја критикуваа Санду за бавното темпо на судските реформи и за неуспехот да ја заживее молдавската економија. Во телевизиската претседателска дебата на 27 октомври, Санду призна дека ветената судска реформа, вклучително и борбата против корупцијата и ремонтот на Канцеларијата на јавниот обвинител, била бавна и вети дека таквите мерки ќе бидат поефикасни во иднина.
Видете и ова: Што ни покажаа Молдавија и Грузија за отпорот против руското влијание?За време на нејзиното претседателствување, Санду беше критикувана од про-Кремљ политичките партии кои ја обвинуваа за поттикнување конфликт со Москва. Во декември 2022 година, таа беше критикувана за ограничување на слободата на изразување, откако нејзината влада ги суспендираше лиценците на шест проруски ТВ канали поради „ширење лажни информации“.
Во нејзината кампања за реизбор, Санду вети дека ќе го одржи мирот, ќе ги подобри условите за живот (Молдавија е најсиромашната земја во Европа) и ќе се приклучи на ЕУ до 2030 година.
По тесната победа на референдумот за членство во ЕУ, кој се одржа истовремено со првиот круг од претседателските избори на 20 октомври, Санду обвини дека Молдавија била цел на невидена измама и дека „криминалните групи“ и „странските сили“ се обиделе да купат 300.000 гласови. Сепак, таа не ги оспори резултатите.
Со оглед на тоа што молдавската полиција го обвини пребеганиот олигарх Илан Шор дека е одговорен за шемата за купување гласови, Санду беше критикувана, вклучително и од нејзиниот противкандидат, за презентирање несоодветни докази и за преувеличување на бројот на Молдавци кои биле дел од шемата. (Полицијата соопшти дека 138.000 луѓе биле корисници на шемата за купување гласови, а не 300.000).
Видете и ова: Лидерката на Молдавија Санду победи во првиот круг, на референдумот мнозинството „против“ ЕУАлександр Стојаногло: Тешко да се определи
Минатото искуство на Александр Стојаногло како генерален обвинител на Молдавија помеѓу 2019 и 2021 година имаше значително влијание на неговата претседателска кампања: Правда. 57-годишникот вети дека ако стане претседател ќе обезбеди „триумф на правото над клеветата“.
Како генерален обвинител, Стојаногло беше широко критикуван за неговиот неуспех да се справи со корупцијата на високо ниво. Најзначајно, тој беше обвинет за неактивност во случајот со Шор, кој беше вмешан во исчезнувањето на околу 1 милијарда долари од банките во земјата.
И покрај тоа што е најпопуларен кандидат меѓу молдавската дијаспора во Русија и поддржан од прокремљската ПСРМ, Стојаногло вели дека нема политичка определба и ги отфрла обвинувањата дека е „човекот на Москва“. Тој ги отфрли обвинувањата за корупција, злоупотреба на службената положба и незаконско богатење, велејќи дека сите наводни докази се измислени од администрацијата на Санду.
Стојаногло се аболира од дел од критиките и со тоа што доби случај пред Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, поврзан со неговата суспензија од функцијата главен обвинител.
Видете и ова: Пет тактики што Кремљ ги користи за мешање во изборите во 2024 годинаПолитички, Стојаногло е тешко да се дефинира. Кога беше пратеник во парламентот, беше член на про-ЕУ коалиција. И покрај тоа, тој понекогаш заземаше проруски позиции, на пример, одбивајќи да гласа за резолуција со која се осудуваат злосторствата од комунистичката ера. Неговата реакција на војната во Украина исто така беше двосмислена: Тој изрази „негативен став“ кон конфликтот, но директно не ја осуди Русија за инвазијата.
Неговиот пристап кон стремежот на Молдавија за пристапување во Европската унија, исто така, беше одбележан со претпазливост. Додека го бојкотираше референдумот за ЕУ и го критикуваше темпото на спроведување на реформите, тој неодамна предложи со Санду да потпише заедничка декларација за поддршка на европскиот пат на Молдавија.
Ваквите нејаснотии околу неговата позиција доведоа до обвинувања за политички опортунизам и лицемерие. И покрај неговиот типично анти-ЕУ став, тој е исто така романски, а со тоа и државјанин на ЕУ, а неговата ќерка наводно работи во Европската централна банка.