Молдавци, евакуирани од Либан, се вратија дома со празни раце
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Група молдавски граѓани кои живееле во Либан велат дека морале да побегнат со своите деца, по израелските воздушни напади насочени кон Хезболах. Единаесетте повратници, главно мајки со деца, беа пренесени на безбедно во Кишињев од хуманитарните организации. Хезболах е и милитантна група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан. Таа е означена како терористичка организација од страна на Соединетите Држави, додека Европската Унија го стави на црната листа вооруженото крило, но не и политичката партија, која има места во либанскиот парламент.