Веднаш!
Што побрзо, тоа подобро.
Да имаше малку култура, ќе немаше потреба од комунална полиција.
Вака размислуваат некои од десетиците граѓани на Фејсбук кога ги прашавме дали е потребно да се воведат високи казни и комунална полиција за да стане Скопје чист град. Но други се сомневаат дека тоа ќе функционира заради неказнивоста и партизацијата во државата, па велат:
Да, ама да си ја вршат работата, а не да бидат партиски војници.
Да не излезе само уште еден товар за буџетот што ние ќе го платиме.
Еко-активистот Горјан Јовановски се согласува дека има исклучително ниска свест кај граѓаните на главниот град кога е во прашање фрлањето отпад.
„Свеста кај нас е ако е веќе загадено надвор и валкано, па зашто ако и јас фрлам, тоа ништо нема да смени“, објаснува Горјан како најчесто размислуваат неговите сограѓани и затоа смета дека треба да има казни, но тие и да се применуваат.
Како советник го град Скопје веќе две години одблиску гледа колку политиката на сите партии воопшто не води сметка за интересот на граѓаните.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
„Се повеќе верувам дека имаме мал број политичари или лица кои се политички активни кои искрено се грижат за нашето Скопје, за нашата држава, за луѓето што живеат тука. Се повеќе мислам и дознавам дека други луѓе и други интереси стојат зад оние кои се наоѓаат на власт. И жал ми е дека сме влезени во циклус кога имаме луѓе кои не се грижат за нас. Веќе две години сум во Советот и гледам каков хаос е. Како да не знаеме да најдеме консензус за општото добро на граѓаните, се е политикантство.
Видете и ова: Политичките препукувања ги наполнија скопските улици со ѓубреСо Горјан Јовановски разговараме и зошто не ни требаат депонии, туку треба да одиме кон нула отпад, како има други градови кои се добар пример, како Пробиштип, но и дека кај граѓаните на Скопје има волја градот да биде чист.
А вие Слушајте не, следете не. Ставете слушалки и побарајте го поткастот „Зошто“ на Слободна Европа и Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Едноставно кликнете на „Зошто“ и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе ве прашуваме преку нашите социјалните мрежи.