Политичарите ги поделија младите

Студентите во светот дебатираат за вештачка интелигенција, а македонските студенти за пристојни студентски домови. Незадоволство има, но има и апатија во услови на наметнатите поделби по етничка и партиска основа. Резултатот е застрашувачки – масовно иселување. Како може тоа да запре во „Зошто“ разговараме со Бленди Ходаи, поранешниот средношколски лидер, а сега студент и активист.

Иако размислуваше да студира во странство Бленди Ходаи сепак реши да се запише на Филозофскиот факултет во Скопје и да продолжи со активизмот затоа што верува дека младите во Северна Македонија ќе се здружат затоа што имаат исти проблеми.

Убеден сум дека не треба да има пооделби, тие ги прават политичарите во нивни интерес. Идејата е секогаш да се здружиме за подобрување на идеи и цели што заедно ги имаме. Како млади генерации можеме тоа да го реализираме. И за 10 и 15 години веќе нема да постои тој ѕид, етнички и верски или партиски..

Признава дека има многу слаба комуникација меѓу младите Македонци и Албанци.

Кога немаат контакт едни со други се создаваат стереотипи. И јазикот полесно ќе се научи ако има контакт, отколку ако се учи македонскиот или албанскиот на училиште.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Гласни и радикални

За Бленди Ходаи клучно е да се реформира образованието, и тоа радикално, затоа што е неквалитетно, корумпирано, со многу афери и „сомнителни“ професори.

Во 21 век уште имаме хартиени индекси и цело лето еден студент треба да ги брка професорите по факултет за да добие потписи.

Во рамки на Форумот за образовни промени Ходаи работи на обединување на студентите од разни факултети кои ќе бараат единствени реформи, направени од експерти, за кои ќе има национален консензус.

А во изборната кампања вели дека не слушнал ништо ново.

„Младите се иднина“ е политичка флоскула на изборите. Во момент кога државата не може да ви обезбеди основни услови за домување во студентските домови тогаш воопшто не треба да ги слушаме што ветуваат.

Бленди Ходаи во Поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ

Останува, вели Хондаи, да се победи апатијата кај младите кои се незадоволни и само критикуваат затоа што не веруваат дека можат нешто да променат.

Младите треба да бидат авангарда, да се радикализират и да бидат многу погласни, вели активистот Бленди Ходаи и додава дека тој останува верен на своите идеали.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај и Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјални мрежи.