Македонски студенти помагаат да се зачува загрозениот балкански рис

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тим од четири студенти се соочил со предизвикот на иновативен начин да ја подобри кафез-замката која Македонското еколошко друштво (МЕД) ја користи за заловување на рисови. Со нивната иновација се очекува подобрена селективност на животните кои влегуваат во замката. МЕД ги заловува рисовите за да јa провери нивната здравствена состојба, да им постави околувратник за потоа да ги следи со радиотелеметрија и GPS и слично. Целта е зачувување и закрепнување на овој загрозен вид.