Мајка-фудбалерка им пркоси на предрасудите во Киргистан
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Сетора Султанова игра фудбал повеќе од 10 години. Тоа го прави во Ош, на југот на Киргистан, каде нејзиниот избор важи за невообичаен. „Овде постои оној менталитет: ти си девојка, не можеш да играш“, вели таа, но е цврсто решена да не се откаже од фудбалот, дури и откако станала мајка. Таа сонува да формира женска фудбалска академија.