Магариња „носат интернет“ во киргистанско село

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

До неодамна, далечното киргистанско село Зардали беше целосно исклучено од електричната мрежа. Сега, соларната енергија ги менува животите на локалната заедница која долго време е изолирана длабоко во планинската долина Фергана. Со помош на стадо магариња, амбициозните селани се охрабриле преку опасниот терен да донесат зелена енергија и интернет во нивната населба.