Која е најголемата моќ?

Зошто граѓаните на избори гласаат повеќе „против“ отколку „за“? Им треба ли тренинг за личен развој на политичките лидери? Зошто понижените граѓани од нефункционални институции не стават крај на тоа? На овие прашања Зошто, во поткастот на Радио Слободна Европа бараме одговори од Ида Протуѓер, која успешната новинарска кариера ја замени со нова – life coach или тренер за личен и организациски развој.

Нема куса дефиниција за тренингот за личен и организациски развој, но Ида Протуѓер вели дека наједноставно може да се објасни дека за разлика од психологијата и психијатријата не се занимава со минатото, туку со иднината. Целта е човекот да го максимизира својот потенцијал да си го живее животот како што посакува

Таа во Виена, каде што по тригодишни обуки ги добива сите сертификати, сега работи со клиенти, а не со пациенти. Кај неа доаѓаат кога треба да носат животна одлука, избор на партнер, на професија. Некогаш е одредена тема – развој на комуникативни вештини или одредување на целта кога се минува низ транзициски кризи – развод, пензионирање, ново работно место...

Најголемата моќ е да имате право на слободен избор и да носите одлуки за својот живот. Затоа моето мото е - бидете автор, а не актер во сопствениот живот.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Автор, а не актер во сопствениот живот

Што е успех во оваа професија?

Кога прв пат ќе дојдат луѓето сакаат да ги сменат околностите за да постигнат некоја цел. Но всушност треба да се изгради автономија кај себе и одговорност и тогаш му помагате да ги освои слободите, но и одговорноста да носи одлуки.

Тие што не се подготвени за промени најчесто се во позиција на жртви, Каде што друг е виновен, друг треба да ја преземе одговорноста и не ја разбираат својата одговорност во процесот и фокусирани се на дефицити. Смета дека така се однесуваат најголем дел од македонските граѓани. Пример е политиката.

Подкаст „Зошто“ со Сања Васиќ и Ида Протуѓер

Султан Партиите не чуствуваат одговорност пред гласачкото тело и затоа на избирачките листи не ставаат луѓе кои се вредни, туку лојални на партијата, или треба да се наградат. А и гласачкото тело нема можност, како една изборна единица, за да гласа за личности. Кога се гласа најчесто се казнува. Тогаш Македонецот има шанса да го заокружи гласачкото ливче и тоа го прави емотивно, гласа против. Или гласа за сопствени придобивки од партијата.

И политичарите бараат лајф коучинг, а Протуѓер смета дека на лидерите им треба најмногу, но немаат свест дека е им е потребно.

Клучната причина за нефункционални институции е нефункционално лидерство. И неинспиративно. Тука е борбата за ресурсите на државата, а не за раст на државата. Тука е замката и лагата со која се тргнува во изборен процес.

Но за да се промени некој треба да сака, вели Ида Протуѓер, тренер за личен и организациски развој.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај и Јутјуб, Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.