Илјадници бараат повеќе ЛГБТ права во Србија на годишната парада на гордоста
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Илјадници луѓе се приклучија на парадата на гордоста во Белград на 7 септември, барајќи закон за истополовите заедници и родов идентитет. Некои говореа за постојани предрасуди и стереотипи во српското општество. Полицијата направи кордон околу група демонстранти кои се противат на ЛГБТ настанот. Меѓу учесниците од странство беше и една Русинка која за РСЕ изјави: „Не можете да ја замислите истата Парада...во Русија денес“.