Лавров пристигна на состанокот на ОБСЕ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, претпладнево пристигна во СРЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува 30-иот министерски совет на ОБСЕ. Шефот на руската дипломатија пристигна без делегација, а го пречека македонскиот министер и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи.

Доаѓањето на Лавров на состанокот на ОБСЕ беше спорно до пред два дена, поради санкциите за Русија поради инвазијата врз Украина. Шефот на македонската дипломатија, во интервју за РСЕ, нагласи дека доаѓањето на лавров е на состанок на ОБСЕ, а не посета на Македонија.