Косовските државјани без визи во Европа

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Од вчера, 1 јануари, на државјаните на Косово повеќе не им се потребни визи за влез во Шенген зоната. Меѓу првите кои ја искористија можноста беа 50 добитници на лотаријата за турнеја во Виена, организирана од косовската влада. „Тоа е чувство кое не може да се опише“, изјави среќен патник за РСЕ на аеродромот во Приштина. Визната либерализација не важи за Шпанија, единствената Шенген земја која не ги признава косовските патни документи.