Косовската полиција покажа што запленила по нападот во Бањска
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Косовската полиција во Јужна Митровица го претстави оружјето, возилата и опремата запленети во селото Бањска на северот на Косово, еден ден по нападот на вооружени лица во кој загина еден полицаец. Косовскиот министер за внатрешни работи го обвини Милан Радоичиќ, потпретседател на Српската листа, за нападот на 24 септември. Ниту Српска листа, најголемата партија на Србите на Косово, ниту Србија не ги коментираа овие обвинувања на косовските власти