Конфузија со измените на Законот за игри на среќа
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Измените на законот за игри на среќа, првиот пат беше усвоен во Парламентот, но, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша. На новот гласање, вчера на 13.03.2024, доби само 51 глас, но спикерот објави дека е донесен, а и на сајтот на Парламентот стоеше дека е донесен. Собраниските служи денеска, во меѓувреме, соопштија дека не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и оти со тоа завршува процедурата по тој Закон.