Комуналците протестираат, Скопје се затрупува со смет
Вработените во „Коминална хигиена“ одбиваат да ги празнат контејнерите додека не им се исполнат барањата за повисоки плати, К-15 и бенифициран стаж.
Политичарите се обвинуваат меѓусебно кој е надлежен, а кој е виновен. Дел од градоначалниците на скопските општини најавија кривична пријава за скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Жителка на Скопје ги гледа купиштата ќеси со отпад во една од скопските градски населби.
Граѓаните се приморани да го оставаат домашниот смет покрај контејнерите.
Скопската градоначалничка на 10 јули на Фејсбук објави дека контејнерите се испразнети.
Маж го гледа натрупаниот смет во и околу контејнерите во скопската населба Бутел.
Дел од скопските Општини најавија дека сами ќе се справуваат со овој проблем на локално ниво.
Маж претура во преполните контејнери во еден од станбените блокови во скопски Чаир.
Партиите се препукуваат кој е одговорен за ваквата ситуација - СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ, кој ја поддржуваше скопската градоначалничка на изборите, а градоначалничката Данела Арсовска вели дека ова е организирано сценарио против неа.
Ситуацијата во комуналното претпријатие ескалираше во неделата во ноќните часови (09.07), при полициска интервенција да се ослободи патот од групата вработени која протестираше пред претпријатието и да се овозможи на камионите да излезат на терен и да го соберат сметот.
Освен отпад од домаќинствата, граѓаните изнесуваат и кабаст отпад кој дополнително ја влошува ситуацијата.
Такси станица затрупана со ѓубре.
Градоначалниците од Скопскиот плански регион денеска треба да расправаат за решавање на проблемот, откако дел од нив веќе започнаа сами да го чистат сметот.
Уличните животни дополнително ја влоѓуваат ситуацијата разнесувајќи го ѓубрето низ населбите.
Бидејќи нема повеќе место во контејнерите, сметот почна да се фрла и во контејнерите наменети само за пластика и стакло.
Собирачи на отпад претураат по купиштата околу контејнерите.
Директорката на „Комунална“, Мазнева, деновиве на прес-конференција информира дека нема да дозволи политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.
Депонија пред детска градинка во скопската населба Кисела Вода.
Депонија и покрај влезот во Домот за слепи лица во скопска Кисела Вода.