Алгоритми ќе водат сметководство, роботи ќе поставуваат лекарски дијагнози, а графичкиот дизајн комплетно ќе го преземе вештачката интелигенција. Постојано пристигнуваат вакви предвидувања, но и сериозни анализи по појавата на вештачката интелигенција дека за најмалку четвртина од работните места веќе нема да биде потребен човек.
Од друга страна, на „безбедно“ се електричарите, водоводџиите или актерите. Комуникологот Бојан Кордалов е оптимист, промените се добри.
Ако како луѓе не се менуваме, не се унапредуваме и не стекнуваме постојано нови квалификации, нема друга алтернатива освен да паѓаме подолу на пазарот на трудот и да вредиме помалку. Тоа само вештачката интелигенција ќе го забрза.
Кордалов во вештачката интелигенција гледа само корисна алатка која ќе овозможи подобро да работиме, да се развиваме, но и повеќе да се заработува.
Смета дека отвора многу можности, но само ако се користи правилно и етички. Но е далеку од совршена затоа што се што се добива со алгоритмите мора да се провери.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Колку и кој ја користи вештачката интелигенција во земјава, во која не е спроведена ниту дигитализација?
Само оние кои сакаат да експериментираат, да пробаат и ја наоѓаат корисноста. Дали се зборува за тоа, дали се регулира – не. Зошто? Затоа што сме заглавени на дигитализација. Уште дебатираме дали е добро изводот од матично да се вади еднаш..
Видете и ова: Генерација Алфа - дигитални махери, но и лесна цел за манипулацииДоаѓаат избори, па го прашавме комуникологот Кордалов дали може да се очекува и политичарите да користат вештачка интелигенција.
Тој не верува дека ќе се послужат со оваа технологија додека се уште размислуваат за митинзи, за летоци, одење од врата на врата... Начини на водење кампања кои во западните земји одамна се напуштени.
Во светски рамки се предвидува дека оваа, 2024 година дефинитивно ќе биде во знакот на масовен пробив токму на алатките на вештачката интелигенција (АI).
А вие почитувани слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа. Кликнете на поткаст Зошто и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.