Киев во пламен по масовниот руски напад
Пожарникарите работат среде запалените урнатини. Украинските воени власти известија дека Русија истрелала осум проектили кон главниот град.
Жена во шок го држи своето куче по експлозијата.
Во нападот во Киев загина едно лице, а неколку се ранети.
Ова мало девојче викаше „Мамо! додека жената брзо ја одведе на безбедно, подалеку од запалениот автомобил зад нив, по руските воздушни напади врз Киев на 20 декември.
Ова е сцената на едно од неколкуте места на експлозии во Киев, по најновиот напад на руските сили во долготрајната кампања со беспилотни и ракетни напади.
Меѓу оштетените згради е и киевската црква Свети Никола.
Оштетен е и деловниот центар каде пожарот избувнал меѓу 13 и 15 кат.
Но, новогодишните украси сепак беа главно неоштетени.
Продавачка го расчистува скршеното стакло на тротоарот.
Повеќе од 600 станбени згради во главниот град останаа без греење поради експлозиите...
...како и 16 здравствени установи, 17 училишта и 13 градинки.