Кичевци остареа чекајќи државата да им изгради нова болница
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Жителите на Кичево и околината се лекуваат во зграда што се распаѓа, стара еден век. Нова болница почна да се гради пред 39 години. За тоа време се потрошија милиони евра, а зградата уште е карабина. Министерот Таравари рече дека изградбата на оваа болница е меѓу приоритетите на Владата.