Екс казахстански министер прогласен за виновен за смртта на сопругата
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Поранешниот казахстански министер за економија Куандик Бишимбаев е прогласен за виновен за убиство на неговата сопруга и осуден на 24 години затвор. Судот во Астана ја донесе пресудата на 13 мај во судење од висок профил што го стави семејното насилство во центарот на вниманието во Казахстан. Најмалку 400 жени годишно умираат од брачно насилство во оваа централноазиска земја, според бројките на ОН.